Македонски народни песни/ Ајде што ти текна
Изглед
(Пренасочено од Ајде што ти текна)
Ајде што ти текна е македонска народна песна.
Текст на песната
[уреди]- Ајде што ти текна
- Ајде што ти текна да побегнеш
- на сабајле во зорите. [2х]
- Ајде на сабајле во зорите
- уште петли непропеани. [2х]
- Ајде дали куќа не бендиса
- или свекор или свекрва. [2х]
- Ајде куќата е мошне арна
- свекорот е кротко јагне. [2х]
- Ајде свекорот е кротко јагне
- а свекрва љута змија. [2х]
- Ајде кабаетот е во момчето
- мома легни, мома стани. [2х]
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |