Македонски народни песни/ Ај! В Македонија глас се чует

Од Wikisource

Ај! В Македонија глас се чует е македонска народна песна.

Текст на песната[уреди]

Ај! В Македонија глас се чует
Ај! В Македонија глас се чует
од нејзини сираци. [2х]
Ај! Душманите побеснале
колат, бесат се на ред. [2х]
Ај! Вие браќа Македонци
Вие славни јунаци. [2х]
Ај! Крв'о знаме да развејме
в македонски долини. [2х]
Ај! На знаме е напишано
„слобода или смрт”. [2х]
Ај! Нека чует и Европа
да робот се пробуди. [2х]
Ај! Македонија не се плаши
од нивниот јатаган.
Ај тој се фрлат како тигар
среде војски, јатаган.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Надворешни врски[уреди]

Блог за македонски народни песни