Михаил Ренџов

Од Wikisource
(Пренасочено од Автор:Михаил Ренџов)
Прејди на: содржини, барај
Список на автори: Р Михаил Ренџов
(25 август 1936)
Видете исто така: биографија, медија, цитати.

Кратка Биографија[уреди]

Михаил Ренџoв е поет, прозаист и преведувач. Роден е на 25 август 1936 година во Штип. Завршил гимназија во родниот град, а Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје како советник по библиотекарство. Член на Македонскиот ПЕН центар и на ДПМ.

Дела[уреди]

  • Иселеник на огинот (поезија, 1965),
  • Ноќно растење на зборот (поезија, 1967),
  • Каде од оваа страна (поезија, 1968),
  • На работ од сонот (поезија, 1972),
  • Страв (поезија, 1976),
  • Полноќ (поезија, 1979),
  • Нерези (поезија, 1982),
  • Аутодафе (поезија, 1985),
  • Феникс (поезија, сонети, 1987),
  • Земја. Потоп (поезија, 1991),
  • Сонување патување (книга за деца, 1991),
  • Тој (лирска поема, 1993),
  • Шпил 33 (поезија, 1994),
  • Вечната бесконечната (поезија, 1996),
  • Јас оксиморон (поезија, 1998),
  • Ангела сонува (поезија за деца, 1998),
  • Псалми (поезија, 2000),
  • Апокалипса (драмска поема, 2002),
  • Раскази за Захариј (раскази, 2004).