Небиднина/ Шеста молитва на моето тело
„Шеста молитва на моето тело“ од Ацо Шопов |
- Везилка си на оваа игра, на овој домородски ритам.
- Од дивина со крвта ми викаш, од далечина:
- „Кон твоето тело неподвижно итам
- јас непозната, глув водопад од месечина.”
- На твоето чело високо пасат плашливи елени,
- ти имаш раце силни и зараснати длабоко вземи,
- во твоето грло растат треви зелени,
- твоите зборови се ковчести и остри, но неми.
- Везилка си на оваа игра, на оваа домородска песна
- а не знам дали си моја ноќ, дали си ден,
- и оваа грутка црвеница врз која лежам е тесна
- за овој пораз мој величествен.