Избран текст
Појке од десет години има од како није Македонциве немаме духовно начелство по нашиве места, од које и најмногу страдаат нашиве црквени и училишни работи. Гледаш овде една општина растурена, парализирана без никаква морална и материјална сила, без никаква морална сила нити пред народот, со која би могла да го натера да послуша нејзините решенја, нити пред власта, која по никој начин не разбира, ако би потребало, да поткрепи тија нејзини решенја; без никаква материјална сила, т.е. без баранје тугја помокј да може таа сама да си уредује училиштата, да си плакја на учителите и др. И така онаа општина стоји и се вика општина само за лице, без да може да одгоори на својот задаток, заради кого је повикана. Гледаш пак онде во еден град или градец едно училиште, које не прилега на училиште, и је, - како внатрешно, така и надворешно, - сиромашко, осакатено и без никакво значенје, јавно да кажам, - за плаченје, од сем онија училишта, што се крепат од Екзархијата, но који пак си имаат своји лоши страни, и дури големи, за који ке се докаже во своје особито место и време. И се тоа излегује од тамо, што немаме во нашава таткојна, као што рековме погоре, духовно начелство.
Ја сега у си во очите и устите гледам и вигјам да ми се кажује, оти сум седнал да зборуја и да пишуја не за некоа нова или чудна работа, туку за изветвена и позната, што ја знајат и малине деца. Гледам да ми се кажује, да не би да сум дошол сега од не знам колкугодишно седенје во Багдат, та не знам, оти, фала Богу, имаме Негоо Блаженство во Цариград, што се мачи денје и ноке за овија работи, туку Правителјството не му даа да пушти владици во Македонија! - и за тоа, кој је крив? Но таа ни је работата да видиме кој је крив за ова лошо положенје -дали Н. Блаженство, као што го криваат некоји, - дали Правителјството, као што го кривиме си или пак сами није. И ето навистина, оти вопросот, ставен по ваков еден начин, ке ни се види и нов и лесен за решуенје. (Дознајте повеќе...)
Избрана песна
- Брала мома капини
Брала мома капини,
Во попови Градини,
Брала мома капини,
Во попови градини,
Оф аман, аман, аман.
Оздол иде падарот,
И на моме говори,
Постој моме,почекај,
Да ти кажам два збора,
Оф аман, аман, аман.
Не и кажа два збора,
Тук ја фана за рака,
Не и кажа два збора,
Тук ја фана за рака,
Прочитај повеќе...
|