Зборник на Миладиновци/ 488 песна

Од Wikisource
487 песна 488 песна

од Браќа Миладиновци
489 песна
на современ македонски правопис.


Ранила мома биљбиља
Утро и вечер со шекер,
А на пладнина чеинца,
Ранила што го ранила
Токму за девет години.
Дојде ми коа и доба
Девојка ми се посврши,
Посврши ке се ом'жит.
Тога је биљбил вореше:
„Девојка, моја стопанко!
Кога ти ке се ом'жиш,
Кому ке мене остаиш?
И јас со тебе ке идам,
В десна пазуа ке спиам,
Порано ке те скортшам:
„Стани ми, стани девојче,
Свекрва оган завали
Золви ти куки сметоа,
Девер ти дуќан отвори.”