Зборник на Миладиновци/ 454 песна
453 песна | 454 песна од Браќа Миладиновци |
455 песна |
на современ македонски правопис. |
„Око, Доко, црнооко!
Откако се посвршифме,
Никако не се видифме,
Ељум еднош на извори;
Малу што си позборафме,
Дури с'нце зиде зајде,
Месечина ми угреа.”
Малко моме прогоори:
„Мори лудо, кутро младо!
Како дома ке си појдам,
Како мајка ке је кажам!”
,,Море моме, малко моме!
Како мајка да изм'миш?
Падна паша в ливаѓето,
Ми зедоа клашеникот,
Пашу коњa потседлае;
Ми зедоа ѕуницата,
Пашу коња попражие;
Така мајке да је кажиш,
Така мајка да изм'миш.”