Зборник на Миладиновци/ Стумница невеста

Од Wikisource
Тодора, Богдан и Никола Стумница невеста

од Браќа Миладиновци
Димни Марко и Елена невеста
на современ македонски правопис


Ѕид ми ѕидале девет мајстори,
Девет мајстори до девет браќа,
Дење ѕидале ноке падало,
Ce обложиле девет мајстори,
Кој ке ми доит рано со ручек,
Мие него темел да го клаиме.
Ha вечер сите дома појдоа,
И си казаа на свој невести:
Мано Маноле младо мајсторче,
Тоа не каза своје невесте,
Рано ранила Струмна девојка,
Рано ранила ручег зготвила,
И им отнесла најрано ручег.
Кага ја виде младо Маноле,
Ha часот викна тај да си плачит.
И ја грабнаа девет мајстари,
И ја фатиа млада Струмница,
И ја ѕидаа темел да траит,
Им се молеше Струмна невеста:
„Девет мајстори, до девет браќа!
Остајте ми ја десната р'ка,
Десната р'ка, левата боска,
Да си надовјам м'шкото дете.”
Је остаиа десната р'ка,
Десната р'ка, левата боска.