Зборник на Миладиновци/ Сабја

Од Wikisource
Мурат-бег и Мариа Сабја

од Браќа Миладиновци
Марко и Мурат-бег
на современ македонски правопис



Личба личет три млади тељали,
Личба личет низ више Стамбола,
Продавеет една остра сабја;
Ск'па цена за сабја сакает,
Ми сакает девет стотин дукад,
За тељали уште деведесет.
Ми дочула Ѓурѓа Самовила,
И си зеде сурего Елена,
Си го зеде за коња брзего,
У зенгии до две љути змии,
Ж'лта смока за камџик ја зеде.
Негде годе елем удураше,
Tpи саати пред ветар бегаше,
Тук да фтасат во града Прилепа,
Да му кажит Маркое Кралевиќе;
И му каза ноќе на полноќе.
Станал Марко на нога јуначка,
И си зеде своја брза коња,
И си зеде ж'лтине дукади,
Си ја зеде Ѓурѓа Самовила,
Дури ми се зора обзорила,
Ми појдое во града Стамбола,
Ми купие она остра сабја,
Што се диплит дванаесет дипли,
Што се носит во бела пазуа,
Што ми сечит древја и камења,
И на ручег назод се вратие,
И дојдое во града Прилепа,
Уште толку крчма ми испие,
Пријатели, верни побратими.