Зборник на Миладиновци/ На мало дете

Од Wikisource

На Лазаров ден На мало дете

од Браќа Миладиновци
На неженат
на современ македонски правопис.


Малечкоо убоо, о Лазаре!
На диван ми седеше,
Со јаболко играше;
Мајка ле му викаше:
„Малечкоо убоо!
Доста седе на диван,
Доста играш с јаболко,
Дан' те царот догледат,
Дан' ти царство поклонит!”
Уште речта не рече,
Ми го царот догледа
И му царство поклони.