Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Марко, Секула и краљ Латинина

Од Wikisource
Марко кралевике, Делетин војвода, Иво и хубава Гроздана Марко, Секула и краљ Латинина

од Браќа Миладиновци
Шаина робина и Марко
на современ македонски правопис


Седит Марко на диван високи,
My паднала книга на рамена,
Книга пеит, под мустак се смеит.
Го догледа млада Маркоица: -
„Ајти Марко, мое господине!
Што те тебе нужба дотерало,
Книга пеиш, под мустак се смеиш?”
И говорит Марко Кралевике:
„Ајти тебе млада Маркоице!
Допуштило краља Латинина,
Краљот има една мила керка,
Јас си има една мила сина,
Мие да се оба сусватиме,
A два млади да ce суземеет.
Ајти тебе млада Маркоице!
Ај влези си во шарена ода,
Да откључиш шарена ковчега,
Да извадиш рубо копринено,
Да промениш Секула детето,
И да зготвиш до два брзи коња.”
И си стана млада Маркоица,
И сu стана од диван високи,
И си влезе во шарена ода,
Cи одкључи шарена ковчега,
Cи изваде рубо копринено,
Cи изваде црвена калпага,
Ha калпага до три пepja златни,
Го промени Секула Детенце,
И изваде да две брза кања.
И јавнее два добри јунака;
Дете греит како летно с'нце;
И одее тие што одее.
И догледа краљот од дивани;
Краљ ја викна своја мила керка,
Cи јa викна на диван високи,
И ја учит своја мила керка:
„Ајти тебе керко Ангелина!
Ај влези си в шарена одаа,
Да откључиш шарена ковчега,
Изваи си рубо девојкино,
Промени се, лепо наружи се,
Да излезиш на витине порти,
И ке доит Марко Кралевике,
Да се спуштиш Маркоје коњ да фатиш,
Десна р'ка нему да целиваш,
И пак страмна назад да се вратиш;
A нa дете поклон поклони се.”
Како ука краљот је научи,
Така ука керка му је фати;
И си појде во шарена одаа,
Cи откључи шарена ковчега,
Cи изваде рубо девојкино,
Ce промена, лепо се наружи,
Ta излезе на витине порти.
Начас дојде Марко Кралевике;
Ta ce спушти коњот му го фати,
Десна р'ка на Марка целива,
И пак назад страмна ми се врати;
A на дете поклон се поклони.
И пречека краља Латинина,
И и кладе на диван високи,
И им тури вино и ракиа;
И гоштаа дена за недеља.
И говорит Марко Кралевике:
„Ајти тебе краља Латинина!
Доста јадофме доста пифме,
Доста пифме за радост голема,
Ај зготви ни керка Ангелина.”
И говорит краља Латинина:
„Ајти тебе Марко Кралевике!
Как ке ти дам керка Ангелина,
Дур' не сторит дете јунаштина?
Јас си имам црна Арапина,
Што го држам во црна з'ндана,
Што го ранам за седум години,
Ке го извам црна Арапина
Да се борит Секула co нeгo,
Да се борит с тонка полоина.”
Ce зачуди Марко кралевике,
И појде при своја брза коња,
Го опитват своја стара коња;
Стара коња тога му говорит:
„Ајти тебе Марко Кралевике!
Да си земит Секула Детенце,
Да си земит фрушките ножина,
Да и клаит во русото перче,
Да пресечит н' Арапот чинтјани.”
Изваие црна Арапина,
И си слезе Секула Детенце,
И си слезе во рамни двореи,
И се удри с црна Арапина,
Да се биет с тонка полоина.
Што се бие три дни и три ноке,
Ни Арапин, ни Секула падвит.
От Арапин црни крви течет;
A Секула бели пени пуштат;
Наодзади Дете ке загинит.
Припиштие моми и невести,
И тога ми коња при'ржало,
Коњ ми 'ржна, Секулу му текна,
И изваде фрушките ножина,
My пресече црнине чинтјани;
И си падна црна Арапина,
Го префати Секула Детенце,
Го префати преку полоина,
Го закачи в земи до појаса
И истргна таа остра сабја,
My пресече таја црна глаа,
И ја качи на диван високи,
И си седна на чесна трпеза.
Краљ им тури вино и ракиа,
Крал им тури три дни и три ноке.
Пак говорит Марко Кралевике:
„Доста не врти, краља Латинина,
Ај зготви ни убаа нееста!”
И говорит краља Латинина:
„Ајти тебе Марко Кралевике!
Дур не сторит друга јунаштина,
He ти даам керка Ангелина;
Ке нагорам една силна фурна,
Ке ја гора три дни и три ноште,
После дете во фурна ке фарља,
Оту ке му даам Ангелина,
Марко стана од диван високи,
И опитвит своја стара коња.
И говорит нему стара коња:
„Ич за това да не бериш гајле;
Да ме јавнит Секула Детенце,
И co мене малу да поиграт,
Покрај фурна ја ке се застоја,
Силна фурна ја ке ја угасна;
Ја сум испил три студни кладенци.”
Како ука што ми го научи,
Така ука Секула фатило.
Кога фурна ми ја нагориe,
Тогај јавна таткоа си коња,
Покрај фурна коња си поигра.
Коња фурна ми ја угаснала;
Слез' от коња во фурна си влезе,
И от фурна дете си излезе,
И се качи на диван високи.
Пак краљ тури вино и ракиа,
Вино пијет три дни и три ноке.
И говорит Марко Кралевике:
„Ајти тебе краља Латинина,
Ај зготви ни убаа невеста!”
И говорит краља Латинина:
„Дур' не сторит дете треки унер,
Да препливат преку црно Mope;
Тамо имат злата јаболшница,
Да ми скинит три златни јаболка,
Така даам керка Ангелина,
Стана тога Марко Кралевике,
Cи отиде при својата коња,
И му кажвит к'де оит дете.
И му велит негва стара коња:
„Да ме јавнит Секула Детенце,
Јас ке одам со дете до тамо.”
И го јавна Секула Детенце,
И му стегна до девет колани,
И се фрли п' она црно мope.
И одее тие што одее;
И излезе морскана ламиа,
И на коња п'тот мy престрети.
Тога коња дете ми го учит:
„Ај земи си сабја потајница,
Да пресчиш коса на Ламиа.”
Cи изваи сабја потајница,
Је пресече на Ламиа коса;
И излегве тие на краиште.
И п'тем најдое до три вити ора;
Ора беа сите самовилски.
Тога коња ука го учеше:
„Ајти тебе Секула Детенце:
Дан' се пулиш во три вити ора,
Ели нешто да им прогоориш!”
И оделе тие што оделе;
И им зборвет до три вити ора:
„Ела, ела незнаен делиа,
Ела да се оро надиграме!
Ела камен да се надфрљаме!
Ела прстен да се надменвиме!”
A Секула не им одгоорвит.
Појдое до злата јаболшница.
Дете сакат три јаболка да скинит,
Коњ сакат да ми ја откорнит.
Ја навали на десното рамо,
И от корен дете ја откорна,
И ја зеде во десната р'ка;
И пак спливнаа в ана црно море
И одее тие, што одее.
Нигде краљот веке не и глеат;
A Марко се низ диван разшетвит.
Краљот тури да јадат да пиет
Да пиет за Секулоа душа.
Уште речта не је дорекое,
Начас стигна Секула Детенце;
Ни ми викат, ни кљукат на порти,
Тук се фрли над бела бедена,
И си влезе во рамни дворои;
Је закачи златна јаболшница,
Је закачи во рамни дворои,
И се качи на диван високи.
Краљ им тури вино и ракиа,
И им даде керка Ангелина,
Им тоари азно неброено,
И краљ лепo ми и попратило.