Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Кога да вијат венецот

Од Wikisource
На строј кога извадват девојката да се прстенуват Кога да вијат венецот

од Браќа Миладиновци
Кога готват зетот
на современ македонски правопис.


Вило моме зелен венец,
Пол го вило пол година,
Цел го вило за година,
Си го кладе на главица,
Си отиде на водица
На водица на бел Дунаф,
Фрли венец во бел Дунаф;
На венец му нар'чует:
„Пливај, пливај, зелен венец,
Да отпливаш јунакои
Јунакои рамни дворје,
Ак' излезит јунакои
Јунакои мили татка,
Да не ми се в р'ка даиш,
Ни та да се поприкажиш;
Ак' излезит јунакоа
Јунакоа мила мајко,
Ни да је се поприкажиш,
Ни да је се в р'ка даиш.
Ак' излезит млад неженат,
Нему да се поприкажиш,
Нему да се в р'ка даиш.”