Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Јана

Од Wikisource
Мома Буљукбаш Јана

од Браќа Миладиновци
232 песна
на современ македонски правопис


Седнала је Јана на малата врата
Под белата лоза; Ем си седит Јана,
Шарен гергеф везит, дробни солѕи ронит,
Своја мајко к'лнит: „На душа ти, мајко,
Што ти даде мене мошне на далеку,
Прек' девет планини, кај овца не блеит,
Кај петел не пеит, за љут кесеџиа,
За љут кесеџиа, велик арамиа.
Дење ми се, мајко, порти затворени,
Девет ми се, мајко, сите закључени;
Ноке ми сет, мајко, сите отворени.
Секоа вечер, мајко, тој мене ми носит,
Тој мене ми носит крвави кошули.
Она вечер, мајко, тој мене донесол,
Тој мене донесол струнени дисаки,
Во дисаки, мајко, зелена долама,
Во долама, мајко, от јунака глава,
Со се десна р'ка. Глава му приличат
На моето брата, от левенти Георгија;
Прстенот му пеит: левент Георгиа.”
Уште Јана, речот не дорекла,
Ете го најмалиот брат нејѕе велеше:
„Ајде Јано, ајде на свадба да доиш,
Брата ке жениме, сестра ке м'жиме!”
„Чекај, брате, чекај, цвеке да соберам,
Цвеке да соберам, свешта да усучам.”
„Ајде Јано, ајде, зашто ти је свека?”
„Треба, брате, треба, за кого ке венчат.
Чекај, брате, чекај, погача да месам
Погача да месам, вино да наточам!”
,,Ајде, Јано, ајде, зашто ти је вино?”
„Требит, брате, требит, да однесам поклон.
Постој, брате, постој, уште да те праштам
Оште да те праштам, што руба да земам,
Даљ црно, црвено дали ал ѓувезно?”
Кинисала Јана по своего брата,
Та измина девет вишнине планине,
Испеала Јана девет кралски песми;
Завлезе в десета, је обмириса темјан:
„Постој малу, брате, темјан ми мирисат.”
„Ајде, Јано, ајде, сега се венчават.”
Та зачула Јана мајкини гласеви:
„Што сет оние ,брате, мајкини гла'севи?”
„Ајде Јано, ајде, зелен венец виет.”
По погледна Јана нат герамиди згора
Нат герамиди згора траба бело платно.
Кога дома дојде што да видит Јана.!
Милиот је братот спрострен во стрет кука!
Тогај викна Јана: „О леле да бога!
Кога немам брате, нејку ни да живја!”
Речта не дорече в часот Јана падна,
Вчасот Јана падна, падна и си зајде.