Прејди на содржината
- Донка грло ја болеше,
- никој Донка не веруе,
- ни свекрва, ни јатрва,
- кој верује не е тука.
- Донка прати едно писмо,
- „брзо да си дојдеш Милан“.
- Милан јавна брза коња,
- си киниса каде дома.
- Не се врна во меана,
- си нарача чаша вино:
- - Турај вино немерно,
- давам пари неброени.
- На пат сретна копачите,
- па им вели, ем говори:
- - Ој копачи, мили браќа,
- копајте гроб за двамина.
- На пат сретна носачите,
- па им вели, ем говори:
- - Ој носачи, мили браќа,
- оставете бела Донка.
-