Прејди на содржината
- Добро ми дошле сватовите [х2]
- кое добро ми носите?
- Ваша ќерка, ваша внука
- а на мене мила снаа.
- Ајде, ајде да се напиеме
- рујно вино лута ракија [х2]
- да сме среќни и весели
- до година на крштевка.
- Добро ми дошла невесто еј,
- дали жалиш за мајка ти,
- Добро ми дошла невесто еј,
- дали жалиш за татко ти,
- дали жалиш мило братче
- или мила сестра?
- Ајде, ајде да се напиеме
- рујно вино лута ракија [х2]
- да сме среќни и весели
- до година на крштевка.
- Ајде сите оро да заиграме
- лесно оро да се вие,
- силна песна да се пее
- в' срце радост да се слее.
- Ајде, ајде да се напиеме
- рујно вино лута ракија [х2]
- да сме среќни и весели
- до година на крштевка.
-