Дано ле Данче убава
- Дано ле Данче убава
- Дано ле стројна гиздава
- што си ми замислена
- што си ми натажена?
- Дали те некој навредил
- или те мајка искара,
- та твојте црни очи
- често се полни солзи?
- Ниту ме некој навредил
- ниту ме мајка искара,
- туку ме либето превари
- за друга сношти се армаса.