Јас сум несреќница

Од Wikisource

Скокни на: навигација, барај
Јас сум несреќница,
плачам ден и ноќ,
за то што сум измамена
од првата љубов.
Љуби ме, љуби,
не ме заборави.
Јас ќе те љубам вечно, вечно,
дури до гроба.
За мене нема живот,
за мене нема љубов,
за мене нема кој да жали
за мој'та младост.
Младост ми овена,
срце ми се стопи,
од тие пусти болници
и тие доктори.
Дај ми ја чашата,
во неа отровот,
да се напијам и отрујам
заради љубовта.