Прејди на содржината

Послушајте ме другари

Од Wikisource
Послушајте ме другари
да ви кажам словото,
на Ѓурѓовден бев затворен
в' темни црни зандани.
Во зандани бев измачен
ниту лебец нит вода,
а телото покриено
с' бела риза до земја.
Немојте да ме мачите,
јас сум невин како цвет.
Зло никому не сум сторил,
свидетел е овој свет.
Ах, да знае мојта мајка,
гробот да ми ископа
и на гробот да напишит:
„Овде лежит маченик“.
Маченик е тој за правда,
за човечки правдини,
а тој беше Александар
Караѓуле Охридски.

Поврзано[уреди]