„Покана“, Коста Шахов
Изглед
Покана од Коста Шахов |
21 октомври 1888 година. |
„ | При сè што сме 2.000.000 луѓе, пак немаме, барем овде, во слободна земја, еден каков и да е весник, кој ќе не држи во текот на работите што се случуваат околу нас и за нас; и кој ќе ни служи за да ги изразиме нашите народни искажувања и мисли... Денеска печатот е посилен од топот и со него се служат скоро сите народи на светот, освен нас. Со тоа ние самите се претставуваме пред очите на образованиот свет нешто како народ... На крајот, ние Македонците, како сме едни под двојно и тројно ропство, а други прснати по разни страни, сепак не смееме да си ја заборавиме татковината и сме должни да работиме за подобрување на нејзината положба; Зашто како народ ќе бидеме одговорни пред нашето потомство ако и при толку неволји во својот живот мине времето безработно, без борба за слободен живот, бидејќи нашите господари не сакаат да се грижат за олеснување на нашиот живот.
Побудени од сето тоа, иако со слаби сили, го започнуваме издавањето на весникот „Македонија” со цел и барање да се подобри положбата на Македонија. Весников „Македонија” ќе биде далеку од секакви партиски интриги и ќе води независна политика по македонското прашање. Страниците ќе бидат слободни за секој родољубец само ако се пишувани во духот на времето и целта... Задачата на в. „Македонија” е да се бори за духовното и културното издигање на Македонците.[1] |
“ |
Наводи
- ↑ „Македонија” Русе Ред. отг. К. Шахов, Год. 1, бр. 1, (21.10.1888 година)