Црнеј горо, црнеј сестро

Од Wikisource
Црнеј горо, црнеј сестро
двајца да црнејме
ти за твојте лисја ле горо
јас за мојта младост.
Твојте лисја, горо сестро
пак ќе ти се вратат
а мојата младост горо
нема да се врати.
Мене мајка ме посврши
преку три планини
што не сакав горо сестро
на пат да го сретнам.
Дење оди горо сестро
по твојата шума
ноќе оди горо сестро
по бели друмови.
Сношти ми донесе горо
братовата рака
јас ја познав горо сестро
по златниот прстен.
Црнеј горо, црнеј сестро
двајца да црнејме
ти за твојте лисја горо
јас за мојта младост.

Поврзано[уреди]