Прејди на содржината

Списание „Вардар“ (современ правопис)/ Изникнување и разбор на бугарската и српска теорија за народноста на Македонците

Од Wikisource

Патник Списание „Вардар“ на стар македонски правопис

од Крсте Петков Мисирков
Список на села од Јужна Македонија
Обіавено во списанието Вардар на 1 септември 1905 во Одеса. Иако на крај пишува дека статијата продолжува во следниот број, тој никогаш не излегол во печат.
Тие што се длабоко запознати со македонското прашање, едвај ли се сомневаат, дека најважната негова страна е - таа за народноста на Македонците. Затоа ние, без да укажуваме на важноста на последното, ќе поминеме право кон разгледувањето на постоечките теории за народноста на Македонците и нивното изникнување, а после ќе бидат направени некои и други забелешки за нивната безпочвеност.

Најнапред ќе одбележиме, дека сеопшт интерес доби прашањето за народноста на Македонците, кога се запрашаа, чија треба да биде Македонија, и се претполагаше одговорот: на тој народ, што ја населува; тогаш се постави прашањето: каков народ главно ја населува Македонија, или од каква народност е главното население на Македонија - Македонците?

Однесувањето на Македонија по С. Стефанскиот договор кон Бугарија покажува, прашањето за народноста на Македонците да беше до тогаш решено во корист на Бугарите: науката и патниците од своите европски држави, што патувале по Македонија, ги изваѓале Македонците - Бугари. Затоа и дипломатијата во С. Стефано ја даде Македонија на Бугарија. Но во Берлин го расипаа тоа, што беше направено во С. Стефано: Македонија беше одделена од Бугарија и вратена на Турција. Исто така и Источна Румелија беше одделена од С. Стефанска Бугарија во одделна автономна покраина, а некои делови на прв беа дадени на Србија. Се разбира, дека за време од С. Стефанскиот договор до Берлинскиот конгрес никакви преврати во науката за Јужните Словени не биднаа; но затоа и дипломатијата се раководела со нешто, кога ја раздробила С. Стефанска Бугарија на неколку делови и ја оставила Македонија под Турција.

Ние, Македонците, знаеме од тоа што ни прикажувале нашите татковци и други, постари од нас, родници, дела грчките владици, кога биле руските војски во 1878 година под Стамбол, собрале по селата селски печати на книги, во кои се велело, дека на Македонците им е убаво под Турција, дека не ја сакаат Москва, и не сакаар да се со Бугарија. Со таан намера Грците покажаа на европските дипломати, дека во Македонија тие имаат силнп влијание и големи интереси, и дека мачно се определува меѓата меѓу грчките и словенските интереси во Македонија, зошто тами има голем дел Словени, што ја признаваат патријаршијата, и со тоа се под грчко влијание, признавајќи се за Грци. Против бугарските интереси во Македонија, освен Грците станаа и Србите на кои уште до Берлинскиот конгрес им беше посоветувано да го покажат своето незадоволство од С. Стефанскиот договор. Србите, бидејќи загубија надеж да ја добијат Босна и Херцеговина, по туѓуи совети и со туѓа дипломатска поддршка најавија, дена и тие имаат, заедно со Бугарите и Грците, свои национални интереси во Македонија. Освен тоа во Македонија турскиот елемент беше многу силен, а руските војски во неа немаше. По сите тие причини и по некои други во Берлин, Македонија беше одделена од С. Стефанска Бугарија и оставена под Турција. Дипломатите, одделувајќи ја Македонија од Бугарија, барем на вид поставуваа во името на правдата, а имено, се застапија, наводно, за грчките и српските интереси. Решавањето на македонското прашање во Берлин е инресно меѓу другоѕо и во следните односи: 1, тој покажа голема важност на прашањето за народноста на Македонците при решавањето на македонското прашање; 2, прашањето за народноста на Македонците беше главниот мотив, при што, решенијата на конгресот имаа поглед не кон производот, но на Македонците наеднаш, нечекано се обрна во прашањето од првостепена и сèопшта, не само научна, но и политичка важност; 3, грчките и српските протести против господарувањето на бугарските интереси во Македонија имаа особен значај за тоа, што, за Грците или Србите, што до тогаш се броеја од Европејците за Бугари, го поставија на дневен ред важното прашање за народноста на македонскиот елемент во Македонија.

И така, до Санстефанскиот договор господаруваше една теорија за народноста на Македонците, а таа е, дека Македонците се Бугари. Ќе ја наречеме таа теорија - бугарска. Ако грчките тврдења, дека биле и дека се Македонците по корен потомци на старите Македонци од Александрово време, амо само си го заборавиле јазикот и се оварвариле - ословениле, се прифатат за посебно учење, тогаш ќе имаме втора или грчка теорија. Грчката теорија нема под себе никакво тврдо земјиште и од научен поглед не заслужува никакво внимание. Таа е понова од бугарската теорија и се појави, кога последната стана особено опасна за грчките апетити во Македонија. Едновремено со грчката терија виде свет и трета или српска теорија, по која Македонците биле и се Срби.

Откако се исклучи грчката теорија, како јавно фантастична, остануваат две сериозни теории за народноста на Македонците, тоа се: бугарската и српската. Ќе ги разгледаме тие две теории поодблизу: прво, нивното изникнување, а после нивиот научен значај. Ќе ја зафатиме бугарската, како постара и пораспространета теорија. Како што рековме, до Санстефанскиот договор во науката имаше место само за бугарската теорија за народноста на Македонците. Таа се создаде вака. Во 1815 година се оддели од Турција Србија. Од словенските земји останаа под Турција на Балканскиот Полуостров: Босна и Херцеговина, Бугарија, Тракија и Македонија. Босна и Херцеговина само со тесна меѓа се соединуваа со северна Македонија, каде Арнаутите од година на година сè повеќе и повеќе се доселуваа на местото на Словените, и со тоа сè повеќе и повеќе ја одделуваа Херцеговина од северна Македонија. На таков начин, судбината на Јужните Словени, кои и до тогаш не беа еднакви, на зачетокот на 19 век се распаднаа на две: северозападните балкански словени, освен босанскохерцеговците, се најдоа или под Австро-Унгарија или составуваа слободни државички; југоисточните пак и босанскохерцеговците останаа под Турција. По ослободувањето на Србија се разбуди националното самосознавање и меѓу сите Словени што останаа под Турција, но при тоа, тие се разделија на две групи: северозападна или босанскохерцеговска, која ги сли своите интереси со другите северозападни - слободните и Австро-Унгарија - Словени и југоисточна или македонско-бугарска. Бидејќи Босна и Херцеговина беше обиколена од сите страни, освен од југоисток, со слободни рисјански ротсвени страни, а од Македонија и другите југоисточни словенски земји во Турција со Арнаути, тогаш не можеше да се развие општо национално самосознание меѓу босанскохерцеговиците од една и Македонците и Бугарите од друга страна.

Географската положва на Босна и Херцеговина од една страна, и Македонија, Бугарија и Тракија од друга, и затекнувањето на историските услови во времето на пробудувањето на националното самосознание меѓу Јужните Словени се доста за објаснување меѓу Јужните Словени во Турција, па и ако се остават на страна други, не помалку важни прчини, како тоа што историјата на Босна и Херцеговина готово сосем не допира со историјата на Македонија и другите источни словенски земји. Друго беа односите меѓу Бугарија и Македонија. Тие две страни имаа една многу долга меѓа, која претставува многу удобен пар за трговско и политичко општење. Двете страни не претставуваа од себе краишта на Турција, а беа средини и за тоа во нив односите меѓу Турците и рисјаните беа исти, како во едната, така и во другата земја. Така и во црковен однос беа Словените во Бугарија во истата положба со Словените во Македонија. Турците беа господари на Бугарите и Македонците во политички и економски, Грвците во духовен однос. Ако се земе предвит и тоа дека опширните и удобни гривици меѓу Бугарија и Македонија секогаш дејствувала на потесни односи меѓу тие две страни до турското завојување на Балканскиот Полуостров, тогаш лесно може да се разбере зошто поразбудените луѓе од Бугарија и Македонија внатре во Турција и во туѓината работеле по една иста прохрама и следеле исти цели за препородување на народот во духоцен однос, за отфрлување на турскиот - политички и грчкиот - духовен јарем. Во времето на националното разбудување на Бугарите и Македонците се случија уште три важни факти, кои прислужија за утврдување на бугарската теорија за народноста на Македонците; тоа се: 1, реформата на правописниот и литературен јазик кај Србите; 2, разработувањето на прашањето за татковината на старословенскиот јазик - јазик на преводите на Св. Кирил и Методија, во врска со развивањето на изучувањето на словенството; 3, патувања по Балканскиот Полуостров до последната руско-турска војна со научни цели за заознавање со возродувањето на словенството, кое се препишуваше на работењето на панславистите, од кои мнозина се во Европа.

Реформата на Вук Караџиќ имаше големо значење не само за Србите, но и за македонското прашање. Српскиот литературен јазик до Вук беше брканица од старословенски, српски и руски елементи. Од српските осовености во него господаруваа тие од источносрпските говори, што се доближуваа до македонските. Старословенските и источносрпските елементи на српскиот литературен јазик до Караџиќ беа многу удобни да направат него општ за сите Јужни Словени, особено за Србите и Македонците. Но Вуковата реформа ја расипа таа можност. Вук воведе фонетски правопис. Во основа на литературниот јазик се стави не источносрпското наречје од денешна средна, источна или јужна Србија, или од така наречената Стара Србија (Македонија зад Шар Планина до Новопазарскиот Санџак), ами јужното или ијекавското наречје од Босна, Херцеговина и денешна западна Србија. Со таа реформа правилно и нормално српско, достојно да биде воведено во литературна употреба, се признаваа само особините на јужносрпското (ијекавското) наречје. Источносрпското веќе имаѓе наклонение кон страната на бугарскиот јазик, а западносрпското или икавското - наклонение кон страната на хрватскиот јазик. Говорите од Источна Србија веќе се признаваа за бугарски. Сите словенски земји во Турција, освен Стара Србија, Босна и Херцеговина, се признаваа за бугарски. Македонија за Вук Караџиќ беше земја бугарска. Тој беше собрал обрасци на устаната народна литература од Македонија, кои ги беше напечатил во неговиот „Додатак к С. Петербургским рјечницима свију језика“. како бугарски. И така, Вуковата реформа стави една карпа меѓу Србите и Македонците: но таа реформа излезе, оти последните во очите на Србите и во свои очи се Срби. Реформата на Караџиќ има уште и друго значение. Во времето на таа реформа се беше разбудил меѓу Словените, особено западните и источните, голем интерес кон нивната народност, народна литература, стара писменост и народна историја. Со таа цел се собирале народни песни, народни приказни и стари ракописи. Изучувањето на народната старина и собирањето стари ракописи ги доведе словенските учени до изучување на старословенскиот јазик и неговата историја. Тука се појави и прашањето за литературното работење на Св. Кирил и Методиј и за преведените од нив книги: кога, каде и колку книги се преведени од нив? За да се реши прашањето, каде е направен преводот на најстарите книги словенски, и на чиј јазик се развила најстарата словенска литература, или прашањето за татковината на старословенскиот јазик, беше потребно изучувањето на живите словенски јазици. Вуковата рефрома и тука и послужи на бугарската теорија за народноста на Македонците.

Фонетскиот правопис заедно со иекавштината во основа на српскиот литературен јазик беа доста, за да одбележи лесно, кои јужнословенски наречија и говори се српски и кои не се. Сите несрпски јужнословенски наречија и говори од средниот и источниот дел на Балканскиот Полуостров беа крстени со едно име - бугарски јазик. Само првите словенски учени, кои не ги знаеја тие наречија и бројот на Словените, што зборуваа на нив, го нарекоја бугарскиот јазик наречје на српскиот. Така по Добровски излегуваше, оти старословенскиот јазик е српско наречје од Солунско. Но веќе Востоков, на основа на употребата на носовните гласови во старословенските и среднобугарските ракописи и на нивната замена во српскиот и рускиот јазик и во писмените споменици од тие јазици: Ѫ со У и Ѧ со Е во првиот и Я во вториот, доіде до заклучок, оти Ѫ и Ѧ биле одделни носовни гласни, што одговарале на полските Ą и Ę и се произносувале како носови: О и Е. Таа особина не е ни руска ни српска, значи и сите споменици со правилна или неправилна употреба на носовите гласни звуци се само постари и попозадни од еден ист јужнословенски јазик, а тоа е бугарскиот. Несака зборови, оти Вуковата реформа ги направи поубедливи тврдењата на Востоков. По Востоков, татковината на старословенскиот јазик е Солунско и солунските Словени излегоа, по него, Бугари. И така, родум со реформата на српскиот литературен јазик, важен признак за изучувањето на јужнословенската етнографија стана судбата на носовните гласови во ракописите на спомениците и јужнословенските наречја, на која придаваа словенските учени уште големо значење. За една од најкарактеристичните особини на српскиот јазик се брои замената на Ѫ од најстаро време само со У. Употребата на носовниот гласс Ѫ и сите други негови замени, освен со У, е доста, за да биде едно наречје или еден ракопис исклучени од српскиот јазик и да бидат признаени за несрпски. По тоа мерило сите македонски наречја и говори беа несрпски, значи, беа признаени за бугарски. Така гледаа на работите и други слависти по Востоков, како: Копитар, Миклошиќ, Шафарик и по нив готово сите слависти до сега. Првите двајца не беа согласни со мислењето на Добровским дека е бугарскиот јазик наречје на српскиот и дека е, значи, старословенскиот јазик - српски. Но тие не беа согласни и со мислењето на Востоков, дека е старословенскиот јазик - старобугарски. На место тие две теории за татковината на старословенскиот јазик, тие извадија трета, по која тој е старопанонски или старословенечки. За да ја докажат својата мисла, тие ги изучувале живите словенски јазици, и во нив барале елементи на старословенскиот. Од сите нови јужнословенски јазици за најоддалечен од старословенскиот во фонетски однос го најдоа српскиот јазик, поблиски од последниот до старословенскиот јазик, беа признаени бугарските наречја и словенечкиот јазик, со таа разлика што последниот е поблизок и во морфолошки однос. На таква основа се правеше заклучок, оти некогаш Словенците и бугарските Словени составувале еден народ, но биле разделени со вметнувањето на србо-хрватите меѓу нив. Бугарскиот и словенечкиот јазик биле само наречја, што произлегле од старословенскиот јазик. Св. Кирил и Методиј направиле превод на светите книги во Панонија и затоа јазикот на најстарите словенски книги треба да се смета за панонски или старословенечки. Панонската теорија на Копитар и Миклошиќ сега е веќе оставена од учените, но таа за своето сознавање послужи како важен мотив за изучување на живиѕе јужнословенски јазици и наречја. А тоа изучување приведе до одбележувањето на големо родство меѓу бугарските и македонските наречја. Се кажа, оти и македонските и бугарските наречја не само се разликуваат силно од српскиот јазик, не само не го заменуваат Ѫ со У, но изгубиле многу форми од формирањето и употребувањето на гарамтичкиот член. По сите особености македонските и бугарските наречја образуваа една јазична територија, една општа група, одделна не само од српскиот, но и од сите други словенски јазици. Таа група беше крстена - бугарски јазик. И така, во науката се создаде мислење дека се Македонците по јазик и народност Бугари. Наоѓањето многубројни старословенски и среднобугарски ракописи во Македонија уште повеќе ја поткрепија бугарската теорија за народноста на Македонците.

Многубројноста на стари ракописи се објаснуваше како доказ за долговременото господство на бугарското културно влијание во Македонија, кое би можело да ги побугарчки Македонците, ако тие не биле еден народ со бугарските Словени во време на преселувањето свое на Балканскиот Полуостров. По тие заклучоци за современата јужнословенска етнографија беа пренесени и на историската етнографија. Така Шафарик и другите историчари, зборувајќи за историјата на Јужните Словени, за бугарските Словени ги бројат сите оние словенски племиња, од кои се образувал подоцна бугарскиот народ. И така, историчарите ги соединија судбите на Македонија со судбите на Бугарија од старо време. Исто така и во културно-историски однос готово еднакво се преплетувале судбите на Бугарија и Македонија: Македонија ја владееле бугарски царови, царовите и народот во Македонија се викале Бугари, во Македонија господарувала бугарската редакција на старословенскиот јазик и многу други. На таков начин, развивањето на словенознајството се спроведуваше со развивањето на сознавање на нужда од дружно работење од сите Словени за достигнување општословенски национално-политички цели. Тоа движење е познати под името „панславизам“. Панславизмот ги подржување, повеќе морално, стремежите на поробените Словени да го отргнат политичкиот и духовен јарем. Успешната борна на разбуденото јужнословенство за народни и човечки правдини се препишување од западноевропејците на работењето на панславистите и ја обрна врз себе цела Европа. Многу Европејци го ја искрстосаја европска Турција за да се запознаат со положбата на рисјаните и со работењето на агентите на панславизмот. Сите тие патници - иследувачи во еден глас рекоја, дека се Македонците - Бугари и со тоа, мислењето, што господаруваше до тогаш во словенската наука, беше широко популаризитрано по цела Европа. Така се создаде бугарската теорија за народноста на Македонците и влдееше во науката и општественото мислење без конкуренција до Санстефанскиот договор. Но течењето на историјата му извади на неа два нови конкурента во лицето на грчката и српската теорија, од кои последната со своите сериозни возразувања ја потклати во основа.

(Продолжение во следниот број)

Поврзано