Прејди на содржината

Сл. весник / РМ / 1996 / 9 - Закон за семејството (Изменување и дополнување)

Од Wikisource
во сила 1992.12.22 #80, Закон за семејството
во сила 2008.12.22 #xx, Пречистен текст
Со денот на отпочнување на примената на овој закон, престануваат да важат:
вон сила 1973.xx.xx #35, Законот за брак
вон сила 1973.xx.xx #5, Законот за односите на родителите и децата
вон сила 1973.xx.xx #5, Законот за посвојувањето
вон сила 1973.xx.xx #5, Законот за старателство
вон сила 1978.xx.xx #13, Законот за посебни процесни постапки во семејните спорови


Член 1


Во Законот за семејството (“Службен весник на Република Македонија” број 80/92), во членот 47 по ставот 3 се додава нов став 4 кој гласи:

“Малолетните деца имаат право да одржуваат непосредни контакти со родителите и други блиски роднини на родителот кој е умрен, на кого му е одземено родителското право или од други причини е спречен да го врши родителското право”.

Член 2


Во членот 79 по ставот 3 се додава нов став 4 кој гласи:

(4) “Во случај кога не се остварува правото на малолетното дете да одржува непосредни контакти со родителите и други блиски роднини на родителот кој е умрен, на кого му е одземено родителското право или од други причини е спречен да го врши родителското право, Центарот за социјална работа, донесува решение за начинот на одржување па непосредните контакти.”

Член 3


Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.