Прејди на содржината

Решение за организација поверенства при Президиумот на АСНОМ и именување на нивните раководители

Од Wikisource
Р Е Ш Е Н И Е

ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА ПОВЕРСТВА ПРИ ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ И ИМЕНУВАЊЕ НА НИВНИТЕ РАКОВОДИТЕЛИ

Член 1
На основата на 10 чл. на решението на АСНОМ, ст. 2, од 2 август 1944, како врховно законодателно и исполнително тело во Македонија, Президиумот на АСНОМ ги создава следните поверенстш и именува нивните раководители: 1. Повереник за информацији — Панко Брашнаров, 2. Повереник за внатрешни работи — Киро Петрушев, 3. Повереник за просвета — проф. Епаминонда Поп-Андонов, 4. Повереник за народно стопанство и обнова — инж. Лазар Соколов, 5. Повереник за финансии — Богоја Фотев, 6. Повереник за соопштенија и градежи — Страхил Гигов, 7. Повереник за социјална политика — Ацо Петровски, 8. Повереник за судство — Петар Пирузе.

Член 2
Ова решение влегува во сила со денот на објавувањето.

Во с. Рамно
6 август 1944 год.

ЗА ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ

Секретар, Вл. Полежина, с. р.

Претседател,

Методија Андонов-Ченто, с. р.