Решение за именување на Државна комисија при Президиумот на АСНОМ за утврдување на престапите на окупаторите и нивните слуги
Изглед
РЕШЕНИЕ за именување на Државна комисија при Президиумот на АСНОМ за утврдување на престапленијата на окупаторите и нивните слуги |
Член 1
На основата на решението на АСНОМ, од 2 август 1944 година, за образување Државна комисија при Президиумот на АСНОМ за утврдување престапленијата на окупаторите и нивните слуги, Президиумот на АСНОМ [ги] именува во таја комисија:
- Д-р Киро Миљовски, ветеринарен лекар,
- Страхил Гигов,
- Емануил Чучков, проф.
- Тодор Стојанов Звездин, суд. п. пуковник,
- Киро Петрушев
Член 2
Ова решение влегува во сила со денот на објавувањето.
Во с. Рамно, 14 август 1944 година.
- Секретар: В. Полежина с.р.
- Претседател: Методи Андонов - Ченто с.р.
Види исто така
[уреди]Извор
[уреди]- „АСНОМ: документи“, Архив на Македонија, Скопје, 1984, том I, книга I, 225-226 стр.