Прејди на содржината

Распукала Шар Планина

Од Wikisource
Распукала, распукала Шар Планина,
Ајде, распукала, распукала Шар планина.
Ми потвати, ми потвати три овчара,
Ајде, три овчара, три овчара - три чобана.
Први овчар, први овчар ѝ се моли,
Пушти мене, пушти мене Шар Планино,
Имам жена, имам жена што ме жали,
Ајде, имам жена, имам жена што ме жали.
Втори овчар, втори овчар ѝ се моли,
Пушти мене, пушти мене Шар планино,
Имам сестра, имам сестра - ќе ме жали,
Ајде, имам сестра, имам сестра - ќе ме жали.
Трети овчар, трети овчар ѝ се моли,
Пушти мене, пушти мене Шар планино,
Имам мајка, имам мајка - ќе ме жали,
Ајде, имам мајка, имам мајка - ќе ме жали.
Жена жали, жена жали шест недели,
Ајде, сестра жали, сестра жали до година,
Мајка жали, мајка жали, дур до века
Ајде, мајка жали, мајка жали дур до гроба.

Поврзано

[уреди]

Надворешна врска

[уреди]

Блог за македонски народни песни

Музика