Песна за Скопје (втора)

Од Wikisource
Додек' Сонце Земјата ќе грее
ќе се помни шееситрета,
кога Вардар крвав ми протекол
и жал пронел по целиот свет.
Од земјата громови згрмеа,
стана пискот, трескање и страв.
Со илјади години ѕидано
мило Скопје се стори во прав.
Ми заплака сиот ле ми народ
од болки им душите плачат.
Сонцето се зад облаци скрило,
да не гледа жални настани.
Тогај рипна сиот ле ми народ,
грмна песна, младост прозбори.
Над урнатини палати да дига,
место жалој, живот да гори.