Павле Раковчето

Од Wikisource

Павле Раковчето

од народното творештво
Песната е од Егејска Македонија и е за гркоманскиот капетан Павле Илиев.


Што ми стана Павле,
Павле Раковчето,
Што ми стана Павле,
Павле Раковчето,
Павле, Раковчето,
Море Павле, Павле јуначето.

Ми кинисал Павле во село Буково,
Ми кинисал Павле во село Буково,
По село Буково на гости канет.
Ми кинисал Павле во село Буково,
Во село Буково на гости канет.

Ми стигнал Павле во село Буково,
Ми стигнал Павле во село Буково,
Во село Буково на којна качен.
На којна качен среде сред селото,
Ми вишол Павле крај во селото,
Ми вишол Павле крај во селото,
Крај во селото млади невести,
Млади невести фурна гореле.

Ми опитал Павле млади невести,
Ми опитал Павле млади невести,
Млади невести зошто вие фурна горите,
Али леб ќе печите, али месо ќе печите.
Ниту месо ниту леб ќе печиме,
Ама тука Павле, Павле Раковчето,
жив ќе го печиме.

Ми се качил Павле на чесна трпеза,
Ми се качил Павле на чесна трпеза,
На чесна трпеза, рака да макни,
рака да макни, со главни луѓе,
рака да ми макни, со главни луѓе.

Со левата рака макни, а со десната пишчолот го држи,
со левата рака макни, а со десната пишчолот го држи.
Почекајте луѓе за два минути,
за два минути, пак назад ќе се вратам.
пак назад ќе се вратам,
голем бакшиш ќе ви донесам.
Слегва по скалата, јавна којно,
и во Раково се најде.

Поврзано[уреди]