Од борбата/ 39 песна

Од Wikisource
38 песна „39 песна“

од народното творештво
Собрал и уредил Блаже Конески во 1947. Песната е од Струга. Таа е всушност химната на Македонија.

Денес над Македонија се раѓа
Ново сонце на слободата.
Македонците се борат
за својте правдини!
 
He тажи, Македонијо, мајко мила,
крени глава гордо, високо.
Старо, младо, машко и женско
на нозе се кренало!
 
Од гроб станаа славните ѕидари
на Крушевската република:
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански.
 
Горите македонски шумно пеат
бојни песни, нови весници:
„Македонија слободна,
слободна ќе живеј!“


Поврзано[уреди]


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.