Прејди на содржината

Никодин Чернодримски

Од Wikisource

Кратка Биографија

Никодин Чернодримски-(Трајче Јованчески )





Сјајот на ѕвездата под која сум роден повеќе не трепери така силно во оваа мирна и тивка ноќ,сега само невидливите очи на судбината ме гледаат од далечините,бдееќе над секој миг нероден,но ете Јас низ моите сеќавања се прашувам,каде ли отидоа во таа Светлосна Река сите минати животи,знам некој ќе рече..размислуваш за утопијата наречена Вечен Живот..не..ќе ви кажам..низ сите минати денови,месеци,години само ја раскажував најубавата Балада за Бесмртната Душа, таа вистина која ме оплеменуваше,и ми подарува сила се до физичката смрт.

Напати кога одмолчував,моите соништа градеа мостови помеѓу сите желби и можности,одев,трагав,скитав,честопати на патеките каде што несмеев,и во тоа забрането,обичното го претворав во необично.

Па така

Додека се менуваа Еоните,го гледав мојот втиснат лик како се менува,менуваќи се ликот,се создаваа Напишаните Дела,тие Небесни Симфонии кои ми ги подари мојата Муза.Муза,која ме натера да ги поминам границите кои не им беа дозволени на смртниците. Знам дека суптилно ме провлече и низ круговите на Данте,и ме натера да тагувам заедно со дождот на прагот каде што Јавето доаѓаше.

Напати бев принуден да ги купувам деновите,за да ја смирам разбрануваната тишина,тишина која се распрснуваше во секоја утринска пурпурност,и тогаш крадев од небото ситни златни зраци,ги пружав исто како дете дланките,и на секој заскитан облак го пишував нејзиното име,Музата,која ме Воздигна,но и ме турна во сите Бездни.



Ако некому му значат бројките тогаш 1964 е годината кога светлината се роди во моето срце,и блескаше се до последниот миг,некаде под Величенствената Маркова Грамада ,каде и сега во спокој под заштита на Месечината спие градот Прилеп.

Верувајтеми,несакам да бидам споменик на младоста,ја немам веќе мојата Муза Јана ,и храброста да отидам на нејзината хумка,но сепак припаѓаме на Бесконечноста,и таму во тие Бескрајни пространства ќе бидаме прегрнати со Антеријата на Љубовта.


А вам,вам,ви ги оставам сите напишани зборови,читајќи ги знам,ќе ги допрете сите невидливи светови,влегуваќи несвесно во вретеното на времето.


Стихозбирки

1.Арнаутска Жетва-2.Астра-3.Балканска Рапсодија-4.Бездомност-5.Ден Без Виделина,ноќ без Месечина-6.Дневникот на Еден Сонувач-7.Изгубени Мигови-8.Јавето Ако Некогаш Апстинира-9.Кај Си бе Другар-10.Како Станав Лита Сенка-11.Крилати Сни-12.Македонија и Сонцето-13.Мисловен Дневник-14.Мој Роде-15.Мозаик Од Мигови-16.Мртви Сенки на Мртва Стража-17.На Спилите им раскажувам-18.Носталгични Ноќи-19.Од Небиднина крај Јавето дојдов-20.Огнени Виори-21.Ова не е Мојот Лик-22.Пагански Стихови-23.Пелин вода-24.По Патеките на Орфеј.25.Прилепски Ехо-26.Шепотот на Скриениот Дамар-27.Скрбот како Утеха-28.Трагач по Илузии-29.Успони и Падови-30.Во Метежот на Чуствата-31.Заборавени Спомени-32.Мртов Бунтовник-33.Спомени Собрани во Ковчег-34.Големиот Летач-35.Апокалипсата на Мртвото Време-36.Добредојде во Мојот Свет-37.Месечеви Сонети-37.Мислите на Еден Ерегор-38.Смарагдни Записи-39.Осамени Монолози-40.Во Пукнатините на Времето-41.Скрбот како Утеха-42.Ликот на Болката-43.Еретик.44.Последните седум дена на Љубовта.45.Моите Проштални Шепоти.46.Копиле на Судбината 47.Помеѓу Тишината и Животот.48.Оставетеме барем да Сонувам.49.Кукла на Судбината 50.Фенерите на Мојата Душа

Поеми

1.Ангелски Шепотења(напишана заедно со Даница Петровска-Дани од Куманово и Славица Славкова од Битола) 2.Браќа по Мрак-3.Десете Балкански Проклетства-4.Катадневно Тркало-5.Монолог со Паметникот-6.Ново Утро-7.Паганска Ода.8.Катакомбите на Ужасот 9.Пад Без крај

Драми

1.и сега Шо-2.Нова Кожа.

Романи

1.Последна Молитва-2.Пред Портите на Љубовта-3.Затворија Пандорината Кутија-4.Кара Севда-5.Злокобна Вистина-6.Кафез-7.Приказни кои нетребало никогаш да бидат раскажани-8.Парче Душа-9.Ти Благодарам Месечино-10.Тајната на Нормандови-11.Првиот Ангел.

Монодрами


1.Ало Диоген на Линија.

Новела

1.Кога Животот беше Приказна.2.Ноќта кога започна се

Збирки Раскази

1.Бразда-2.Неизвесни Патеки-3.Номад во Душата-4.Од Сонот до Јавето-5.Приказни од Малиот Сокак-6.Затворени Кругови-7.Молскавични Мигови-8.Шепотот на Вечноста-9.Битпазарска Хроника-10.Прошетка по Соништата.11.Грутка Земја

Автобиографија 1.Апостолите на Ѓаволот.