Автор:Крсте Петков Мисирков
←Список на автори: М | Крсте Петков Мисирков (18 ноември 1874 – 26 јули 1926) |
Видете исто така: биографија, медија, цитати. Македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, идеолог за единство на македонскиот народ со интелегенцијата, а воедно и за единство со комитетот, од што произлегла самостојноста на Македонија, собирач и проучувач на македонското народно творештво. |
Д-р Крсте Петков Мисирков (Постол, Егејска Македонија на 18 ноември 1874 – Софија, Царство Бугарија на 26 јули 1926) бил македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, идеолог за единство на македонскиот народ со интелегенцијата, а воедно и за единство со комитетот, од што произлегла самостојноста на Македонија, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Тој е и автор на првата и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петерсбург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век. Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни дела и собирање на народни творби.
Творештво
Книги
Единствената книга, а воедно и најпознато дело на Мисирков е:
- За македонцките работи, изданието од 1903,
- За македонските работи на современ македонски правопис.
Списание
Мисирков е автор на првиот и единствен број на списанието:
- Списание „Вардар“ на стар македонски правопис,
- Списание „Вардар“ на современ македонски правопис.
Статии
Мисирков е автор на над 30 статии кои ги објавил во текот на неговиот работен век. Некои од познатите статии се:
- Македонски национализам - објавена во списанието „Мир“, на 12 март 1925 година,
- Самоопределувањето на Македонците - објавена во „Мир“, 25 март 1925 година,
- Македонска култура - објавена во „Миръ“, 19 април 1924 година.
- Македонија и славјанството - објавена во „Славјанскија Известија” Петроград,, 1.5.1914, 146-147
- Патот на примирението - објавено во „Илинден”, V, 5, Софија, 30.1. 1925, 2.
- Антируските демонстрации во Софија - oбјавено во угледниот руски дневен весник „С.-Петербургскија Ведомости“ во мај 1901.
- Говор во Одеса - ЦГАОР, Москва, ф. 579, оп. 1, ед. хр. 1728. лл. 1—3.
- Македонски и болгарски национални идеали - „Македонскиј голос (Македонски глас)”, II, 10, 13.8.1914, 10-14.
- Борбата за автономија - „Македонскиј голос, (Македонски глас)”, II, II 29.11.1914,205-207.
Надворешни врски
Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години. |