Прејди на содржината

Зборник на Шапкарев/ Тиа мома и самовила

Од Wikisource

Сл’нце и мајка му Тија мома и самовила

од Кузман Шапкарев
Бошко гајдаџија и самовили
Песната е на современ македонски правопис. Песната е од Батак, Пештерско, Бугарија.

„Тију, мори, беала Тију!“
Беала Тија платно беали,
Платно беали на беал Дунаф.
Поминаа самовили,
Самовили силни jуди,
Та на Тија одговарјали:
„Ајда, Тију, с'нас да идиш!“
А Тија им одговарја:
„Самовили, силни јуди!
Немојте ма сега зима,
Ми елате на Спасовден,
Да изиграм убавите летни дења,
Ден Велигден, ден Ѓурѓовден,
Нај убави ден Спасовден.
Ми елате на Спасовден,
Кога моми оро играт,
И момците камен фрљат
И невеасти луљќи правјат.
Та се кача на луљката,
ша зар'ча на друшките:
„Леље, друшќи! мои друшќи!
По кротко ма заљулејте,
Оште кротко дољулејте.
Па се врне празна љуљќа,
Да не сте се уплашили,
Црни очи примреажили
Като риба отровена,
Беало лице променили!“


Поврзано

[уреди]