Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 362 песна

Од Wikisource
361 песна 362 песна

од Браќа Миладиновци
363 песна
на современ македонски правопис.


Калутер цвеке садеше
На едно место присојно;
Се научиле две моми,
Да си крадат босиљок,
Па се затскри калугер,
Па си вати две моми.
Една му се молеше;
„Пушти мене калугер!”
„Не те пуштам, девојко,
Ти си мене потребно,
Да ми чешљаш брадата.”
Друга му се молеше:
„Пушти мене, калугер,
Жити книга што пеиш!”
„Не те пуштам, девојко,
Ти си мене потребно,
Да ми периш кошуља,
Да постељаш постеља,
Да лежиме обата.”