Зборник на Миладиновци/ Свети Георги

Од Wikisource
30 песна Свети Георги

од Браќа Миладиновци
Христово рожање
на современ македонски правопис



Што је настан настанало
Во града Троема?
Троемски Христјани они безверници,
Не веруваат вистински господа
Јисуса Христоса;
Они веруват злато и стребро,
От злато и от стребро господ прават,
Ни ним тими имат,
Малечок на голем тимије си немат;
Светец на година они не служуват,
Темен, свеки они не си паљат.
От бога да најдат Троемски Христјани,
Што се чудо учинило, брате,
Во града Троема,
Што имаше седумдесет чешми,
Што течеа студна вода;
Господ чудба им даде,
Водата им пресуши.
Што се милувале господ ги дарувал,
Претечеа седумдесет чешми
Злато и стребро;
Уште толку они такам дуздисаа,
И на себе и на коње,
Што им срце сакаше.
Харно они ми се премениа
Салт у злато и у стребро,
Ела вода немат да си пиат;
За вода си трпат три недели време;
Од бога да најдат, а не веруват
Вистински господа Јисуса Христоса.
Господ пак му је грех паднало,
Пак вода им даде;
Нели се отвори во Троема града
Едно блато широко, езеро долбоко,
Од Троема града три сахата место.
На вода господ стопан кладе
Сура ламја мршоједна;
На стопанот сечеа таин да дават
На ден по една малка мома.
Каил се чиниа Троемски Христјани;
Таин ми си дават на ден
По една мома, вода ми си леат.
Се редиа они три години време;
Как стапнаа чедверта година,
Доредиа се сите на ред.
Дојде редот и на царот,
Таин да си даде, вода да налеит.
А што имаше царот една керка
Кајметлиа, метемиа,
Таин си ја пушти на блато широко,
На таја сура Ламја.
Ела она, брате, веруваше
Господа Јисуса Христоса,
Емен свеки она на скришно палеше,
Метании биеше, и се крстеше,
Нели ми си појде на блато широко,
По крај езеро долбоко
Од утро в недеља.
Там дека се шета и с'лѕи си рони,
Чекаеки Ламја да излезе,
Таин да си ја голтне;
Тога се здадела незнаена делија
Со сива идица, личен свети Георги;
Дојде си крај блато при неа,
Да си ја распита што је дошла
На блато широко от утро в недеља.
А она му веле и му говоре:
„Нел' ме питаш ке ти кажам;
От бога да најде мојот
Стар бабојко Троемскиот цар!
Он је кадар, брате,
И сос пари друга да купе,
Таин да си пуште, и зорбалок да чинит,
Таин да не даде;
А ела нели не верува
Вистински господа,
Јазе си верувам Јисуса Христоса,
Мене таин ме пушти
На сурата Ламиа,
Мене да ме голтне, таин ќе је бидам,
Вода да налеат Троемски Христјани.
Неми по крај мене
И тебе дан' те голтне.”
Тога таја лична делиа
Слезе од сива идица,
Маздрак си удри на земја,
Врза коња за маздрак;
Та је веле на девојка:
„Ел' да ти полегнам на скутот;
Ти да ме поштиш во главата моја,
Кога ќe излезе сурата Ламиа
На мене да кажиш.”
Легна и позаспа.
И сл'нцето бл'сна, езеро си јаче,
Ламја ке излезе, таин да поголтне.
Как ќе виде сурата Ламиа
Малката девојка
И лична делиа, и сива идица.
Тога веле сурата ЈIамиа:
„Спола.ј ти, боже, на тебе!
Три години време
По една малка мома,
На ден еден таин;
Сега четворта година три таина.”
Нели фати малка девојка
Солѕе да роне,
Нели падна една жешка солѕа
На личен свети Георги,
Се разбуди, и на ноѕе се најде,
На идиц се качи,
Та зеде маздрак в десна р'ка,
Се пушти по Ламиа,
Та је веле и говоре:
До сега ти, Ламио, таин моми јаде,
Сега таин тебе м'здрак ке ти бидит.”
Нели зина таја сура Ламиа
Да го поголтне;
Га ободе во клето грло,
Та викна на таја малка девојка;
„Ела ми отврзи зунга от тозлукот,
Та врзи клета Ламиа;
Заводи ја ти, јазе ке ја терам,
Ке ја носиме во Троема
Жива на царските конаци.
Ка ја виде царот керка му, веле:
„И ти удиса со магебсник Георги,
С магии фатифте сурата Ламиа,
Да л'жите инсанот.”
Тога ја ритна личен свети Георги
На десната нога со чизмата
На сура Ламиа по клето срце.
Нели изб'љва триста и шеесет моми,
Што и поголтнала на таја година,
Сите живи се фатиа на дробно
Хоро да играет.
Па повторо га поритна,
Нели изб'љва триста и шеесет,
Ту умрени, ту живи.
Трети п'т ја ритна,
Та пак изб'љва триста
И шеесет се умрени.
Тога веле свети Георги:
„Ајде, цару, сега ке веруваш
На вистинска господа?
Ели ка' огладне таа сура Ламиа
Да ја пушта да те поголтне
Со сите конаци.”
Тога царот заверува
Со сите Троемски Христјани.
Се крстиха на Јисуса Христоса.
Отворите му даде од Троема града
На личен свети Георги,
Та излезе прошета низ Троема града
По свите чешми,
И удри сос м'здракот,
Протечеа студна вода
Сите седумдесет чешми,
Да си пијет Троемски Христјани,
На Христос да верват.