Прејди на содржината

Бегај бегај моме Стојно

Од Wikisource
Бегај бегај моме Стојно
Ох, бегај бегај моме бре Стојно
да бегаме.
Не сам мома, за бегање,
Ох, не сам мома, леле бре Ѓорге,
за бегање
Имам платно за ткајање,
Ох, имам платно, леле бре Ѓорге,
за ткајање.
Јостави го на мајка ти,
Ох, јостави го моме бре Стојно
на мајка ти
Нека плаче, ем да ткае,
Ох, нека плаче моме бре Стојно
ем да ткае
Бегај бегај, моме Стојно,
ох, бегај бегај, моме бре Стојно
да бегаме.
Не сам мома, за бегање,
Ох, не сам мома, леле бре Ѓорге,
за бегање
Имам риза, за везање,
Ох, имам риза леле бре Ѓорге,
за везање.
Јостави ја на сестра ти,
Ох, јостави ја моме бре Стојно
на сестра ти.
Нека пеје ем да везе,
Ох, нека пеје, моме бре Стојно,
ем да везе

Поврзано

[уреди]

Забелешка

[уреди]
  • Песната е од околината на Воден и е снимена неодамна (вториот дел од снимката):

Снимка