Акти донесени на Првото, Второто и Третото заседание на АСНОМ и прописи од уставен карактер пред Уставот на Народна Република Македонија
Прописи од уставен карактер пред Уставот на Народна Република Македонија во Федералната Единица Демократска Федерална Македонија во составот на Демократска и Федеративна Југославија од 2 август 1944 година до 8 март 1946 година и во Народна Република Македонија во составот на Федеративна Народна Република Југославија од 8 март 1946 година до 31 декември 1946 година, вон сила, со важност од 2 август 1944 година до 31 декември 1946 година.
РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА КАКО ВРХОВНО ЗАКОНОДАТЕЛНО И ИСПОЛНИТЕЛНО НАРОДНО ПРЕСТАВИТЕЛНО ТЕЛО И НАЈВИСОК ОРГАН НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА (АСНОМ)
[уреди]РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА КАКО ВРХОВНО ЗАКОНОДАТЕЛНО И ИСПОЛНИТЕЛНО НАРОДНО ПРЕТСТАВИТЕЛНО ТЕЛО И НАЈВИСОК ОРГАН НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА (АСНОМ)
[уреди]1.
Член 1
[уреди]Основајќи се на суверената воља и правото на самоопределение на народот на Македонија, чии верни толкователи се предствавителите на ова Собрание, а во согласие со решенијата донесени на II собрание на АВНОЈ (Антифашистичко веќе на народното ослободуење на Југославија) во град Јајце - 29 ноември 1943 година - Антифашистиското собрание на народното ослободуење на Македонија (АСНОМ) се конституира во врховно законодателно и исполнително представително тело на Македонија и македонската држава, како рамноправна федерална единица во демократска федеративна Југославија.
Член 2
[уреди]АСНОМ врши законодателната и иполнителната функција на македонската федерална држава, доколку таја функција не ја префрлил на својот Президиум и на Народното правителство на македонската држава.
Член 3
[уреди]АСНОМ го образуваат народните представители, без разлика на народност, вероисповедание, пол, раса и политическо-партијска припадност, кои се дели доказателство, оти ја прихваќат борбата за самостојателност и слобода на народот на Македонија и народно-ослободителната борба на сите останали народи во Југославија, и покрај това се непомиреливи непријатели на окупаторот и неговите помагачи.
Член 4
[уреди] Законодателната власт АСНОМ ја врши на своите пленарни заседанија, а во времето меѓу заседанијата таја власт ја врши преку Президиумот.
Исполнителната власт АСНОМ ја врши преку својот Президиум и преку Народното правителство на македонската држава.
Член 5
[уреди] АСНОМ и Народното правителство на македонската држава се врховни органи на народната власт во македонската држава како федерална единица во федеративна Југославија.
Имајќи пак предвид сегашното развитие на народно-ослободителната борба и степенот на изградуењето на власта во општата држава, а како уште ги нема сите условија за образувањето на Народното правителство на македонската држава, функцијата на Народното правителство ќе ја врши времено ПРЕЗИДИУМОТ на АСНОМ.
Член 6
[уреди]АСНОМ си избира свој Президиум, кој е составен от претседател, два подпретседатела, два секретара и најмалку други 16 (шеснаесет) члена.
Член 7
[уреди]За својата работа Президиумот одговара пред АСНОМ.
Член 8
[уреди]Сите законодателни решениа на АСНОМ и неговиот Президиум се објавуват со потписите на претседателот и секретарот на АСНОМ, односно неговиот Президиум.
Член 9
[уреди]На територијата на Македонија важат законите на федералната македонска држава и законите на федеративна и демократска Југославија.
Член 10
[уреди] До формирањето на Народното правителство на македонската држава при Президиумот на АСНОМ се образуват нужен број отдели за разните гранки на државното управление.
Секој отдел се управљава от началник на отделот. Началникот на отделот ги води работите на отделот, под раковотството и контролата на член от Президиумот, а кого и одговара.
Член 11
[уреди]Народното правителство на македонската држава, односно до неговото образовање Президиумот на АСНОМ, има функцијата на народно правителство, основајќи се на решенијата на АСНОМ, а во согласие со решениата на АВНОЈ, како и заповедите и решениата на Националниот комитет на ослободењето на Југославија, донесуе заповеди и решениа и контролира нивното спроведуење во македонската држава.
Член 12
[уреди]Народното правителство на македонската држава, односно до неговото образување Президиумот на АСНОМ, има право да отфрли заклучениата и заповедите на сите народно-ослободителни одбори, ако не се во склад со законите на македонската држава.
Член 13
[уреди] Работите на секое заседание на Собранието ги води Работното претседателство, избрано само за това заседание. Ова претседателство е составено от претседател, подпретседател, два секретара и најмалку 5 члена.
За секое заседание се избира и верификациона комисија составена од 5 члена.
Новото заседание го отвара Претседателот на претходното заседание, предлагајќи избор на ново работно председателство.
Член 14
[уреди]
Ова решение влегуе веднага во сила.
Во манастирот „Свети Отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.
Секретар, Претседател,
Љупчо Арсов, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО НА АНТИФАШИСТИЧКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА КОНСТИТУИРАЊЕТО НА АСНОМ КАКО ВРКОВЕН ЗАКОНОДАТЕЛЕН И ИЗВРШЕН ОРГАН НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА
[уреди] 84.
Народното собрание на Македонија, на своето заседание одржано на 15 април 1945 година, го донесе следниот
Имајќи ја во вид потребата за воспоставуењето на Народна влада на Македонија, а со обзир на постигнатото средуење на внатрешните отношенија и на зацврстуењето на народната власт, АСНОМ го донесуе следниот закон:
Член 1
[уреди] Називот „Антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија“ се изменуе и гласи: „Народно собрание на Македонија“.
Називот на извршните органи на државната власт во Македонија се изменуат и ќе гласат: селски, општински, градски, реонски, околиски или окружни народен одбор, градско, околиско и окружно народно собрание.
Член 2
[уреди]Се укинуе член 13 од Решението на Антифашистичкото собрание на народното ослободуење на Македонија.
Член 3
[уреди]Президиумот на АСНОМ, кој сега стануе Президиум на Народното собрание на Македонија, а кој привремено ги вршеше и работите на Народната влада на Македонија, со формирањето на Народната влада престануе да ги врши тие работи и ги задржуе законодателните функции, кои нему му припаѓат помеѓу заседаниата на Народното собрание на Македонија, и оние извршни функции, кои нему му припаѓат како на Президиум на Федералната држава Македонија и како на представител на државниот и народниот суверенитет на Федерална Македонија.
Член 4
[уреди]
Овој закон влегуе во сила со денот на изгласуењето.
Скопје, 15 април 1945 година.
Секретар, Претседател,
Д-р Борис Спиров, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.
ДЕКЛАРАЦИЈА НА АСНОМ ЗА ОСНОВНИТЕ ПРАВА НА ГРАЃАНИНОТ НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА
[уреди]2.
ДЕКЛАРАЦИЈА НА АСНОМ ЗА ОСНОВНИТЕ ПРАВА НА ГРАЃАНИНОТ НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА
[уреди]
1. Сите граѓани на федералната македонска држава се еднакви и рамноправни пред законите, не гледајќи нивната народност, пол, раса и вероисповеданије.
2. На националните малцинства на Македонија се осигурават сите права на слободен национален живот.
3. На секој граѓанин му е гарантирана сигурноста на личноста и имотот, загарантирано е правото на сопственост и чесната иницијатива во стопанскиот живот.
4. На секој граѓанин му е загарантирана слободата на вероисповеданието и слободата на савеста.
5. На сите граѓани им се гарантира слободата на говорот, печатот, собирањето, договорот и слободата на дружението.
6. Изборното право на демократска Македонија го вршат избирачите со тајно гласување на основание на општото, еднаквото, непосредното и личното изборно право.
7. Правото да избират и да бидат избрани во сите изборни тела во народната власт имајат секој граѓанин и секоја граѓанка кој се наполниле 18 години, ако не се провинени за некоје престапление. До дека траје народно-ослободителната војна, по решение на АСНОМ, може да се отстапи от принципите на тајното и непосредното гласување.
Малоумните лица, како и лицата кои са провинат по отношение на интересите на народно-ослободителната војна, се лишувајат од правата по точка 5 и 6 на оваја декларација.
8. Должност и чест е на секој за оружје способен граѓанин, без разлика на народност и вера, да учествуе како војник во редовите на народно-ослободителната војска и партизанските одреди.
9. Се забрануват и прогонуват сите фашиски и профашиски дејствија, оти са против слободата и независноста на братската заедница на народите во Југославија.
10. На секој граѓанин му е загарантирано правото на жалба против решениата на органите на власта по начинот предвиден во законот. Секој граѓанин има право на молба и поплака кај сите државни власти.
11. Народната власт се стара да острани неписменоста и да ја подигне народната култура како и да осигура бесплатна просвета.
Во манастирот „Свети Отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.
Секретар, Претседател,
Љупчо Арсов, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.
РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ЗАВЕДУЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК КАКО СЛУЖБЕН ЈАЗИК ВО МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА
[уреди]3.
Член 1
[уреди]Во македонската држава како службен јазик се заведуе народниот македонски јазик.
Член 2
[уреди]
Ова решение влегуе веднага во сила.
Во манастирот „Свети Отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.
Секретар, Претседател,
Лупчо Арсов, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.
ПРАВИЛНИК ЗА РАБОТА НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
[уреди]ПРАВИЛНИК ЗА РАБОТА НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
[уреди]4.
Член 1
[уреди]АСНОМ се собира на позив на Президиумот на редовно и прекоредно заседание.
Член 2
[уреди]АСНОМ се собира на редовно заседание по правило два пати годишно. На редовно заседание Президиумот поднесува доклад за својата работа.
Член 3
[уреди]Прекоредно заседание на АСНОМ свикуе Президиумот по потреба или по тражењето на една четвртина претставители. Своето тражење претставителите го поднесуват на Президиумот. Во предложението за свикуење на прекоредното собрание се назначуват дневниот ред и конкретните предложенија.
Член 4
[уреди]Заседанието на Собранието го отвара претседателот на АСНОМ, а седниците на заседанието ги раководи работното председателство, избрано на самото заседание.
Член 5
[уреди]Верификационата комисија утврдуе правилноста на мандатите на народните представители, установуе дали има кворум и дали се представителите правилно повикани на прекоредно заседание и за најденото поднесуе свој доклад и предложение. По тој доклад Собранието решава за признанието на мандатот на секој представител и за натамошната работа.
Член 6
[уреди]На секоје заседание секретарите на АСНОМ, со помошта на потребен број технички лица, водат записник за седниците на заседанието. Записникот го потпишуе претседателот и секретарите на АСНОМ.
Член 7
[уреди]За секоја точка на дневниот ред и за секоје предложение се расправуе и решава отделно.
Член 8
[уреди] Секој представител е должен да присуствуе на седниците на Собранието и има право да учествува во дискусијиата и да прави предложение.
Председателот има право, по потреба, да ограничи времето на говорот. Ако настане спор, за тоа ограничение, решава Собранието.
Член 9
[уреди]Собранието може да донесе полноважни решениа, ако на заседанието присуствуе повеќе од половината народни представители.
Член 10
[уреди]Предложението се смета примено, ако за него гласуват повеќе от половината присуствени представители. Ако се гласовите поделени, се смета оти предлогот не е примен. Начинот на гласувањето го определуе председателот, што е раководи седницата. Ако настане спор, решава Собранието.
Член 11
[уреди]АСНОМ, односно Президиумот, решава за примањето на нови представители, народни борци и дејци на народно ослободителното движење сè до тогај, до дека не бидат распишани општи избори за представители на АСНОМ.
Член 12
[уреди]Народните представители не може да бидат затворени ни предадени на суд без согласието на Собранието, односно на Президиумот во време кога Собранието не заседава, освен во случај на предателство и кога се затечени при вршење на тешки претстапленија.
Член 13
[уреди]
Овој правилник за работа влегуе веднага во сила.
Во манастирот „Свети Отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.
Секретар, Претседател,
Љупчо Арсов, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.
ИЗМЕНЕНИЕ И ДОПОЛНЕНИЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА РАБОТАТА НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
[уреди] 83.
На основание точка 1 од Решението на Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија за конституисање на АСНОМ како врховен законодавен и извршен орган на државната власт на демократска и Федерална Македонија, АСНОМ го донесува следното:
Член 1
[уреди] Член 3 се изменува и гласи така:
„Прекоредното собрание на АСНОМ го свикуе Президиумот по потреба или по сакањето на една половина народни представители.
Во предложението за свикувањето на прекоредното собрание се назначуват дневниот ред и конкретните предложениа.“
Член 4 се укинува.
Член 5 се укинува.
Член 6 става член 4.
Член 7 се укинува.
Алинеа 2 на член 8 се укинува, и
Член 8 става член 5.
Член 9 става член 6.
Член 10 става член 7.
Член 11 се укинува.
Член 12 става член 8.
Член 2
[уреди]На заседанието на Собранието председателствува Председателот или еден од потпретседателите. Председателот се грижи за вршењето на работата и за запазување редот на работата на заседанието.
Член 3
[уреди]Заседаниата на собраниата се јавни. Тие можат да бидат и тајни по предложение на Президиумот или најмалку 30 народни представители. За овоа предложение се гласа без дискусиа.
Член 4
[уреди]Секое заседание почнува со читање на дневниот ред и записникот от миналото заседание. Дневниот ред на првото свикување го утврдува Президиумот на АСНОМ. За секое едно заседание дневниот ред може да се измени со одлука на Собранието. Дневниот ред ќе се објави со нарочни објави во салата и зградата во која се држат заседанијата.
Член 5
[уреди]На заседанијата на Собранието право да говорат имат само народните представители и лица кој са нарочно повикани от страна на Президиумот или Собранието. Председателот дава думата на говорниците и това по ред како кој се пријави. Говорниците се пријавуват за дума писмено на Председателот во течението на дебатата.
Член 6
[уреди] По сите поважни предмети се води во Собранието дискусија (претрес). Дискусијата се врши по принцип и во поединости. Собранието своите одлуки ги донесува во вид на закон или резолуција.
Предложенијата за закони и резолуции, пред да се изнесат на претрес во пленумот, се претресуват во надлежните одбори на Собранието.
Член 7
[уреди] За полесно свршување на работите, Собранието избира нарочни одбори, и това: законодателен одбор, финансијски одбор, одбор за молби и жалби и мандатни одбор.
За изнесување на молби пред Собранието решава одборот за молби и жалби.
Свија одбори са постојани, а во времето меѓу заседаниата на Собранието работат како одбори на Президиумот.
Собранието може да определи и други истражни и анкетни одбори за по некој прашања. Сите власти во Македонија должни са по барање на тие одбори да им дадат содејствие во нивната работа.
Член 8
[уреди]Говорникот може да говори само за прашањето кое е на дневен ред. Председателот има право да го ограничи времето на говорот и да го опомене говорникот за дневниот ред.
Член 9
[уреди]Предложениа за закони и резолуции можат да поднесуват народните представители и министрите.
Член 10
[уреди]По правило народните представители преку Председништвото треба да бидат обавестени за проектот на предложението преди да се предложението стави на дневен ред на заседанието.
Член 11
[уреди]За хитноста на поедини решениа решава Собранието.
Член 12
[уреди]Народните представители имат право да постават прашање на Председателството на Собранието, на Народната влада или на поедини министри. Прашањата се поставуват писмено или усмено во почетокот на заседанието. На поставеното прашање Президиумот на Собранието, односно на владата и министрите должни се да одговорат усмено или писмено најдоцна во срок от три дена.
Член 13
[уреди]На народниот представител Председателот може да му ја земе думата ако ни после опомената на Председателот не се придржува на дневниот ред или пак ако говори во тон недосојен на Собранието. Во потешки случаи Собранието може може да го ислључи народниот представител от едно или повеќе заседаниа.
Член 14
[уреди] Мандатот на народниот представител престанува со смрта, а се губи:
1. ако е осуден за нечесно дело;
2. ако со својето држање во Собранието и надвор од него го слаби угледот на народни представители; и
3. ако неправилно и постојано отсуствува от заседанијата на Собранието.
За губењето на мандатот на народен представител решава Собранието по продолжение на мандатниот одбор.
Член 15
[уреди]На народните представители Президиумот им издава специални легитимации за народни представители.
Член 16
[уреди]Никој вооружен не смее да влезе во салата во која се држат заседанијата на Народното собрание освен лица кои Председништвото ќе ги повика со оружје.
Член 17
[уреди]Граѓани можат да присуствуват на заседанијата на Собранието со билети издадени от Президиумот.
Член 18
[уреди]Искључително право за одржување на редот како во зградата така и во салата каде се држат заседанијата припаѓа на Президиумот на Собранието. Председателот може да ги искључи слушачите кои го нарушуват редот и мирот.
Член 19
[уреди]
Ова изменение и дополнение на Правилникот за работата влага во сила со изгласувањето от АСНОМ.
Скопје, 14 аплил 1945 година.
Секретар, Претседател,
Љупчо Арсов, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.
РЕШЕНИЕ НА АСНОМ ЗА ОБРАЗУВАЊЕ НА ЗАКОНОДАТЕЛНА КОМИСИЈА ПРИ ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ
[уреди]5.
Член 1
[уреди]Образува се законодателна комисија при Президиумот на АСНОМ.
Член 2
[уреди]Законодателната комисија е составена од претседател и 6 члена. Ова комисија е именује Президиумот на АСНОМ.
Член 3
[уреди]Законодателната комисија претресуе и дава мнение по законопроектите, донесени по иницијативата на Президиумот на АСНОМ, Народното правителство и поедините представители, а и самата изработуе законски проекти. Својот доклад за поедините законски проекти, комисијата го поднесуе на АСНОМ, односно на Президиумот на АСНОМ.
Член 4
[уреди]
Ова решение влегуе веднага во сила.
Во манастирот „Свети Отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.
Секретар, Претседател,
Љупчо Арсов, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.
РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ОБРАЗУВАЊЕ НА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА УТВРДУЕЊЕ ПРЕСТАПЛЕНИЕТО НА ОКУПАТОРИТЕ И НИВНИТЕ ПОМАГАЧИ
[уреди]6.
Член 1
[уреди]При Президиумот на АСНОМ се образува државна конисија за утврдување престапленијата, направени от окупаторите и нивните помагачи во теченије на војната.
Член 2
[уреди]Задачата на Комисијата ќе биде да утврди престапленијата, да ги пронајде и приведе за наказание сите онија лица, одговорни за престапленијата направени во Македонија за времето на окупацијата.
Член 3
[уреди]Президиумот на АСНОМ ќе именује членовите на оваја комисија веднага.
Член 4
[уреди]
Ова решение влегуе веднага во сила.
Во манастирот „Свети Отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.
Секретар, Претседател,
Љупчо Арсов, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.
РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ОДОБРЕНИЕ РЕШЕНИАТА, ЗАПОВЕДИТЕ И ЗАДОЛЖЕНИАТА, ЗЕМЕНИ ОТ ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПО НА МАКЕДОНИЈА И ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ЗА СВИКУВАЊЕ НА АСНОМ
[уреди]7.
РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ОДОБРЕНИЕ РЕШЕНИАТА, ЗАПОВЕДИТЕ И ЗАДОЛЖЕНИАТА, ЗЕМЕНИ ОТ ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПО НА МАКЕДОНИЈА И ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ЗА СВИКУВАЊЕ НА АСНОМ
[уреди]
Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија, на своето Прво заседние от 2 август 1944 година, донесуе следото решение:
1. Се одобруват и потврдуат сите решениа, заповеди и задолженија на Главниот штаб на Народно-ослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија издадени и земени во времето до ова заседание.
2. Се одобрува работата на Иницијативниот одбор за свикување на Народното Собрание на Македонија за времето до ова заседание.
Во манастирот „Свети Отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.
Секретар, Претседател,
Љупчо Арсов, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.
РЕШЕНИЕ НА АСНОМ ЗА ОТДАВАЊЕ ПРИЗНАНИЕ И БЛАГОДАРНОСТ НА НАРОДНО-ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ВОЈСКА
[уреди]8.
РЕШЕНИЕ НА АСНОМ ЗА ОТДАВАЊЕ ПРИЗНАНИЕ И БЛАГОДАРНОСТ НА НАРОДНО-ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ВОЈСКА
[уреди]
Првото пленарно заседание на АСНОМ го изразуе своето признание и народната благодарност на Главниот штаб на Народно-ослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија за изградуењето и организуењето на нашата народна војска и за успешното раководење на операциите во борбата против непријателите на нашиот народ.
Првото пленарно заседание на АСНОМ ја изразуе долбоката благодарност на Главниот штаб и за неговата сестрана политическа работа окулу собирањето на сите патриотически сили на нашиот народ, подигнуењето на името на нашата земја пред туѓина и работата окулу изградуењето на истинска, демократска власт.
Исто така, Првото пленарно заседание на АСНОМ изразуе народно признание и благодарност на борците от народно-ослободителната војска образувана от најсвесните и најдобрите синови на македонскиот народ, - на борците кои со својата крф и коски, со својата геројвска борба и натчовешки напори и постигнатите победи, а во заедничката борба со Народно-ослободителните војски на останалите братски народи во Југославија, ги поставија основите на македонската држава и слобода. Народно-ослободителната војска е најголемата придобивка на нашата народно-ослободителна борба.
Првото пленарно заедание на АСНОМ веруе оти нашето воено раководство, а на чело со Главниот штаб, заедно со борците на Народно-ослободителната војска ќе одат от победа во победа, сè до крајното изгонуење на окупаторите от македонската земја.
Во манастирот „Свети Отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.
Секретар, Претседател,
Љупчо Арсов, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.
РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ПРОГЛАСУЕЊЕ НА ИЛИНДЕН - 2 АВГУСТ - ЗА НАРОДЕН ДРЖАВЕН ПРАЗНИК НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА
[уреди]9.
Член 1
[уреди]Илинден - 2 август - се прогласуе за народен државен празник на македонскиот народ и македонската држава, како симбол на сите негови борби за неговото конечно ослободуење от вековното ропство и создавање на слободната и суверена Федерална македонска држава.
Член 2
[уреди]
Ова решение влегуе веднага во сила.
Во манастирот „Свети Отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.
Секретар, Претседател,
Љупчо Арсов, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.
РЕШЕНИЕ ЗА СОЗДАВАЊЕ НА СУД ЗА СУДЕЊЕ НА ПРЕСТАПЛЕНИЈАТА ИЗВРШЕНИ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ
[уреди]РЕШЕНИЕ ЗА СОЗДАВАЊЕ НА СУД ЗА СУДЕЊЕ НА ПРЕСТАПЛЕНИЈАТА ИЗВРШЕНИ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ
[уреди]ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУЕЊЕ И ДОПОЛНУЕЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА СОЗДАВАЊЕ НА СУД ЗА СУДЕЊЕ НА ПРЕСТАПЛЕНИЈАТА ИЗВРШЕНИ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ
[уреди] 87.
Народното собрание на Македонија, на своето заедание одржано на 16 април 1945 година го донесе следниот
Член 1
[уреди] Членовите 7, 8 и 9 од Решението на Президиумот на АСНОМ од 30 декември 1944 година, за создавање на Суд за престапленијата извршени против македонската национална чест се изменуваат и гласаат така:
Член 7 „Претседателот, судиите и секретарот на судот ги назначуе Народното собрание на Македонија, односно неговиот Президиум.
Претседателот на Судот, на кого во работата му помага секретарот на Судот, има право да во рамките на овој закон издава на судските состави напатствија за вршењето на работите од формална гледна точка доколку тоа не е јасно определено од овој закон“.
Член 8 „Седиштето на судот е во Скопје.
Судот ја врши судската власт во состав од петорица судии.
Судските состави се покретни и судат по правило во складиштата на окружните народни одбори во денови определени од судот порано.
Членовите на судот од територијата на округот секогаш по правило влегуат во составот на судот кој суди во тој округ“.
Член 9 „Составуењето на судскиот состав го врши претседателот на судот. Секој состав има секретар, кој од редовите на правниците го поставуе Президиумот на Народното собрание. Секретарот на составот ги води записниците на судските расправии, помага при изработуењето на судските одлуки и ги врши административните работи се под надзор на претседателот на составот, а самиот состав има само советодавен глас“.
Член 2
[уреди]Народниот обвинител при судот за судење на престапленијата извршени против македонската национална чест влегуе во составот на Јавното обвинителство на Македонија.
Член 3
[уреди]
Овој закон влегуе во сила со денот на изгласуењето.
Скопје, 16 април 1945 година.
Секретар, Претседател,
Д-р Борис Спиров, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.
ЗАКОН ЗА УКИНУЕНЈЕТО НА РЕШЕНИЕТО НА АСНОМ ЗА СОЗДАВАНЕ НА СУД ЗА СУДЕНЈЕ НА ПРЕСТАПЛЕНИЈАТА ИЗВРШЕНИ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ ОД 30 XII 1944 ГОДИНА, И ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНЕНИЕ И ДОПОЛНЕНИЕ НА РЕШЕНИЕТО НА АСНОМ ЗА СОЗДАВАНЈЕ НА СУД ЗА СУДЕНЈЕ НА ПРЕСТАПЛЕНИЈА ИЗВРШЕНИ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ ОД 16 АПРИЛ 1945 ГОДИНА
[уреди] 81.
По предложение на министерскиот совет на Народната влада на Демократска федерална Македонија и докладот на Законодателниот одбор при Президиумот на Народното собрание на Македонија, на своето заседание од 1 јули 1945 година донесе следниот:
Член 1
[уреди] Решението на АСНОМ за создаване на Суд за суденје на престапленијата извршени против македонската националната чест од 30 XII 1944 година, како и Законот за изменение и дополнение на Решението на АСНОМ за создавзне на Суд за суденје на престапленијата извршени против македонската национална чест од 16 април 1945 година се укинуват исцело и се турат ван снага, бидејки да истите изиграја својата ролја во една определена етапа и сега се укажуват како непотребни.
Престапленијата и злодејанијата извршени против татковината ке се разгледуват и пресудуавт од редовните Народни грагјански или војни судови.
Член 2
[уреди] Овој Закон влегуе во законска сила со денот на објавуенјето.
Секретар Претседател
на Президиумот на Народното на Президиумот на Народното
Собрание на Македонија, Собрание на Македонија,
Д-р Борис Спиров, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.
ЗАКОН ЗА ЗАКЛЕТВАТА НА НАРОДНИТЕ ПРЕТСТАВИТЕЛИ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА
[уреди] 85.
Народното собрание на Македонија, на своето заседание одржано на 15 април 1945 година, го донесе следниот
Член 1
[уреди] Народните претставители на Народното собрание на Македонија, на кои представителските мандати им се заверени од Мандатниот одбор и се признати од Народното собрание, ја положуат на заседанието на Народното собрание на Македонија следната заклетва:
„Ја, Н. Н., се колнам во честа на својот народ, дека верно и безуморно ке служам на народот, дека сите свои должности ке ги вршам свесно и праведно, чувајќи и бранејќи ги тековините на народноослободителната борба, за среќа и напредок на Македонија и Демократска Федеративна Југославија“.
Член 2
[уреди]
Овој закон влегуе во сила кога ќе го изгласа Собранието.
Скопје, 15 април 1945 година.
Секретар, Претседател,
Д-р Борис Спиров, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.
ЗАКОН ЗА СПРЕЧУЕЊЕ НА ШПЕКУЛАЦИЈАТА
[уреди]ЗАКОН ЗА СПРЕЧУЕЊЕ НА ШПЕКУЛАЦИЈАТА
[уреди] 86.
Народното собрание на Македонија, на своето заседание од 16 април 1945 година, а по предложение на Законодавниот одбор, го донесе следниот
Член 1
[уреди] Како шпекулација се смета стопанско дејствие, кое има за цел, исползувајќи извонредните опстојателства настапини поради војната и фашистичката окупација да постигне несразмерна стопанска полза, во вреда на народните и нтереси и на снабдувањето на Југословенската армија и населението.
Шпекулацијата се накажуе по распоредбите на овој закон, до колку не се предвидени построги наказанија во некој друг закон.
Член 2
[уреди] Како шпекулација, во смисла на овој закон, се смета:
1) Секоја работа и дејствие, кое се претприема со намерание, да се стоките (трговската, занаетчиската, индустријалната, земјоделските и стоководните производениа и предметите необходни за народното стопанство и слично), со натрупуење, укинување, непријавување, ограничуење на продажба или непродавање воопште, повлечујат од прометот и со това повиси нивната цена;
2) Сакање поголема цена за стоката која цена обеспечава на производителот, на посредникот односно на продавачот печалба, која се, со обзир на местото, времето и сите други опстојателства, смета како прекумерна;
3) Секое непридржуење на одредените или кои ќе бидат одредени по надлежен ред цени;
4) Купуење, продавање или произведуење на стоки противни на надлежните расписанија;
5) Запирање или ограничуење на стопанската дејност без уважителни причини, повредуење сопственото си предпријатие, или стока со цел да се растрои економската сила на нашата федерална единица;
6) износ или превоз на стока без позволение од надлежната власт, ако е за износот или превозот предвидено да се има позволение од надлежната власт;
7) секое споразумение меѓу производителот, посредникот и продавачот со цел да се повиши цената односно со цел да се одржи високата цена испречи нејзиното намалуење;
8) многукратно препродавање, односно уведуење непотребни посредничества во прометот на стоките важни за снабдуењето на Југословенската армија и населението, поради кое стоката би могла да поскапее;
9) купуење на стоката по трговите (пазарите), или по пат на тргот од производителите или други лица, за да се продава, како и одвраќање производители и други лица да произведујат стоки или да ги продават;
10) неозначуење на видно место во заведенијата, на трговите или на други места определени за продажба, ценовници, етикети и слично, на сите стоки определени за продажба.
Член 3
[уреди] Дела извршени против распоредбите на овој закон се накажујат според тржината на своето дејание со:
1) глоба;
2) присилна физичка работа од 3 месеци до 3 години;
3) конфискација на стоките со кои е извршена шпекулациа;
4) конфискација на целиот имот на осуденото лице;
5) смрт.
Наказанијата под т.т. 1, 2 и 3 од став 1 на овој член можат да се наложат заедно против осуденото лице, а наказанието од точка 5 повлечуе и това од точка 4.
Наказанието по точка 5 став 1 од овој член се налага само во случаите, кога е со деанието за шпекулацијата нанесена вреда на саштествените народни интереси или е во гокем маштаб угрозено снабдуењето на Југословенската армија и населението, како и кога е извршителот на делото со умисал делал да ослаби економската сила на нашата федерална единица во полза на непријателот.
При наложуење наказанијата от т.т 4 и 5 став 1 на овој член, се оставуе на неполнолетните деца и на безимотна сопруга најнужните средства за живот како и на неработноспособните членови на семејството.
Член 4
[уреди] Глобата не може да биде поголема од стократната стојност на стоката според цената по која е она незаконски продавана, а која е предмет на наказателното проследуење.
Во случаите кога стоката не е непосредствен предмет на наказателното проследуење, глобата се налага во размер од 1.000 до 1.000.000 лева.
Член 5
[уреди] Глобите се наплатујат и конфискациите се извршујат во полза на Македонската федерална единица.
Конфискованата стока се оставуе на чување на народниот одбор на местото каде е донесена пресудата, а со стоката, односно имотот се постапуе по следниот начин:
1) Ако стоката подложи на брза разнела или е добиток се продава по определените цени, а сумата се става на расположение на Министерството за трговија и снабдуење, односно на Министерството за индустрија и рударството;
2) Целата друга стока се пази и за това се известуе Министерството за трговија и снабдуење, односно Министерството за индустрија и рударство, кои располагат со истата во рамките на саштествуваштите распореждениа.
Член 6
[уреди] Глоба во случаи на неисплатимост се заменуе со присилна работа, като се смета по 300 лева за секој ден на присилна работа.
Наказанието присилна физичка работа, со кое се заменуе глобата, не може да биде подолго од три (3) години.
Член 7
[уреди]Условно наказание не се допушта.
Член 8
[уреди] Сопственикот на претпријатието или заведението, ако е физичко лице, одговара за неспазуење распоредбите на овој закон, доколку не се докаже да се дејанијата извршени од неговиот намештеник, без негово знание или одобрение во последствие. Во таков случај одговара намешникот. За глобата, во секој случај, одговара солидарно и сопственикот на претпријатието или на заведението.
Намештениците, или други лица, ако учествуеле во кривичното дело, како саучесници или помагачи одговарат исто така по овој закон.
При правните лица, одговара лицето на кое е поверено вршењето на работите, доколко не се докаже да е деанието извршено без негово знание. Во таков случај одговара лицето, а солидарно одговара и правното лице.
Член 9
[уреди] Остем наказанијата наложени по распределбата на овој закон, може во претпријатијата или заведенијата нарочно важни за снабдуењето на Југословенската армија и населението да се назначи делегат на народноослободителната власт за сметка на претпријатието или заведанието, со задача да се грижи за правилната работа на претпријатието или заведанието.
Делегатот се назначуе од Министерот за трговијата и снабдуењето, односно од Министерот за индустријата и рударството.
Член 10
[уреди] За судопроизводството и донесуењето на пресудите се надлежни редовните народни судови.
Месна надлежност се определуе согласно распоредбите кои важат за сите судови.
Дудопроизводството се открива:
1) по чесна пријава или
2) службено.
Сите органи на власта кои ќе се научат за постоењето на некое дело по овој закон, се должни да поднесат затоа пријава до соодветниот редовен народен суд.
Член 11
[уреди] Против пресудата на првостепените редовни народни судови се допушта жалба во срок од 8 дена преку првостепените редовни народни судови, чија пресуда е окончатена.
Жалбата не го задржуе исполнуењето на пресудата, но судот може да го одложи исполнуењето до влегуењето во законска сила на пресудата, ако постои опасност да ќе се нанесе со това на осудениот непоправима штета.
Пресудата изречена по член 3 став 1 точка 5 на овој закон се извршуе кога ќе влезе во законска сила.
Судот може да постави да пресудата по нејзиното влегуење во законска сила се објави во дневниот печат за сметка на осудениот.
Член 12
[уреди]Редовните народни судови можат да наредат, да се подозреното лице притвори ако постои опасност да избега или да попречи на истрагата.
Член 13
[уреди]Овој закон се спроведи во дејствие од страна на Министерот за трговија и снабдуење, односно Министерот за индустрија и рударство, во согласност со Министерот на судството.
Член 14
[уреди]До формирањето на редовните народни судови, делата по овој закон ќе ги разгледат воените судови.
Член 15
[уреди]
Овој закон влегуе во сила со денот на обнародуењето.
Скопје, 16 април 1945 година.
Секретар, Претседател,
Д-р Борис Спиров, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.
РЕШЕНИЕ ЗА СТАВАНЈЕ ВОН СИЛА НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУЕНЈЕ НА СПЕКУЛАЦИЈАТА
[уреди]РЕШЕНИЕ ЗА СТАВАНЈЕ ВОН СИЛА НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУЕНЈЕ НА СПЕКУЛАЦИЈАТА
[уреди] (БЕЗ ХРОНОЛОШКИ РЕДЕН БРОЈ.)
Министерскиот Совет на Федерална Македонија, на заседанието си от 28 април 1945 година донесе следното решение:
Како законот против недопуштената спекулациа и стопанското саботиранје донесен от Президиумот на АВНОЈ на 23 април 1945 година и објавен во „Службен лист на Демократска Федеративна Југославија“ на 25 април тековнава година важи за целата територија на Југославија и со него се заменуват сите претходни происи от оваја материја.
За това се става вон сила законот за спречуенје спекулацијата донесен на 16 април тековнава година от Народното Собрание на Македонија и за напред ке важи законот за недопуштената спекулација и стопанско саботиранје от 23 април 1945 година.
До организиранје на редовните судови, делата по овој закон ке бидат рагледавани и судени от Воените судови.
Овоа решение влегуе во сила со денот на објавуванието му.
Министер Претседател
на Правосудието, на Министерскиот Совет,
Д-р Павел Шатев, с.р. Лазар Колишевски, с.р.
ЗАКОН ЗА ОВЛАСТУЕЊЕ ДА СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОН ЗА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО СКОПЈЕ
[уреди] 88.
Народното собрание на Македонија, на своето заседание одржано на 16 април 1945 година, го донесе следниот
Член 1
[уреди] Се овластуе Президиумот на Народното собрание на Македонија да изработи закон за Универзитетот во Скопје.
Овој закон ќе содржи прописи који ќе се осигури работата во Универзитетот на науката и високото стручно образование во согласие со тековините на народноослободителната борба и со потребите за изградуењето на новата државна заедница.
Член 2
[уреди]
Овој закон влегуе во сила со денот на обнародуењето.
Скопје, 16 април 1945 година.
Секретар, Претседател,
Д-р Борис Спиров, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.
ЗАКОН ЗА ОВЛАСТУЕЊЕ ДА СЕ ДОНЕСАТ УРЕДБИ ЗА ВИСОКИТЕ ШКОЛИ И АКАДЕМИИ
[уреди] 89.
Народното собрание на Македонија, на своето заседание одржано на 16 април 1945 година, го донесе следниот
Член 1
[уреди]Се овластуе Народната влада на Македонија да пропишуе уредби за високите школи и академији.
Член 2
[уреди]
Овој закон влегуе во сила со денот на обнародуењето.
Скопје, 16 април 1945 година.
Секретар, Претседател,
Д-р Борис Спиров, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.
ЗАКОН ЗА НАРОДНАТА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА
[уреди]ЗАКОН ЗА НАРОДНАТА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА
[уреди] 90.
Народното собрание на Македонија, на своето заседание одржано на 16 април 1945 година, го донесе следниот
Член 1
[уреди]Народната влада е врховен извршен и наредбодавен орган на државната власт на Федералната единица Македонија.
Член 2
[уреди]Народната влада ја именуе Президиумот на Народното собрание на Македонија. Владата е одговорна пред Народното собрание и на него му дава сметка за својата работа.
Член 3
[уреди] Народната влада на Македонија се состои од:
претседател на владата,
два потпретседатела и
министри за:
внатрешни работи,
судство,
просвета,
финансии,
индустрија и рударство,
трговија и снабдуење,
земјоделие и шумарство,
социјална политика,
народно здравје и
градежи.
По некој министерства можат да се соединуват поради сродноста на работата, а во случај на потребата да се оснуат и други министерства. За соединуењето или основуењето на министерства решуе Народното собрание, односно неговиот Президиум, по однапред дадено согласие на Президиумот на АВНОЈ.
Член 4
[уреди]Народната влада ги раководи преку своите министерства, на територијата на Федерална Македонија, работите на државната управа, кој не спаѓат во надлежност на владата на Југославија и на нејзините министерства.
Член 5
[уреди]Народната влада преку своето Претседателство ја раководи, соединуе и усмеруе работата на поедините министерства и на другите установи кои потпаѓат во нејна надлежност.
Член 6
[уреди] Народната влада и министрите во рамките на својата надлежност издават уредби, наредби и напатствија на основание и со цел на извршуењето и разработуењето на законите на Антифашистичкото веќе на народното ослободуење на Југославија, односно на неговиот Президиум и на Народното собрание на Македонија, односно неговиот Президиум.
За работите на државната управа од надлежноста на Народната влада на Југославија и на нејзините министерства, Народната влада на Македонија и нејзините министри донесуат уредби, наредби и напатствија на основание и со цел на извршуењето на уредбите и решенијата на Народната Влада на Југославија.
Член 7
[уреди]Министрите на Македонија раководат со поверената им гранка на управата во рамките на законите на АВНОЈ, односно неговиот Президиум, и на Народното собрание на Македонија, односно неговиот Президиум, потчинуејќи се непосредно на Народната Влада на Македонија, они донесуат уредби, наредби и напатствија на основание и со цел на извршуењето на уредбите и решенијата на Народната влада на Македонија.
Член 8
[уреди]Народната влада и министрите на Македонија имат право да присуствуват на заседанијата на Народното собрание на Македонија, односно неговиот Президиум и должни се да дадат најдоцна за три дена усмен или писмен одговор на прашањето од страна на членовите на овие две тела. Народната влада на Македонија и поедините нејни министри имаат право на законодателна иницијатива.
Член 9
[уреди] Членовите на Народната влада при стапуењето на должност ја положуат следната заклетва на народот:
„Ја Н. Н., се колнам во честа на својот народ, дека верно и безумерно ќе служам на народот, дека своите должности по законот ќе ги вршам совесно и непристрасно, чувајќи и бранејќи ги тековините на народноослободителната борба за среќа и напредок на Македонија и Демократска Федерална Југославија.“
Заклетвата ја положуат пред Народното собрание на Македонија, односно неговиот Президиум.
Член 10
[уреди]
Овој закон влегуе во сила со денот на изгласуењето.
Скопје, 16 април 1945 година.
Секретар, Претседател,
Д-р Борис Спиров, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНЕНИЕ И ДОПОЛНЕНИЕ НА ЗАКОНОТ НА НАРОДНАТА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА
[уреди] 232.
На основание т.т. 1, 2, 4 и 8 од Решението Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија за конституисањето на АСНОМ како врховно законодателно и исполнително претставително тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија, во врска со член 3 од Законот за изменение и дополнение на горното Решение и по предлог на Владата на Народната Република Македонија, - Президиумот на Народното собрание на Народната Република Македонија го донесуе следниот
Член 1
[уреди] Член 3 алинеја 1 од Законот за Народната Влада на Македонија од 16 април 1945 година се изменуе и гласи:
„Владата на Народна Република Македонија се состои од:
Претседател на владата,
два потпретседатели,
министри на:
внатрешни работи
правосудие
просвета
финансии
индустрија и рударство
трговија и снабдуење
земјоделие и шумарство
социални грижи
народно здравје
градежи
трудот
еден министер без ресор
Претседател на планската комисија и
Претседател на контролната комисија“.
Член 2
[уреди]
Овој Закон влегуе во сила со денот на неговото изгласуење.
Број 513.
Скопје, 6 јули 1946 година.
Секретар, Претседател,
Наум Наумовски, с.р. Богоја Фотев, с.р.
ЗАКОН ЗА ИМЕТО НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
[уреди] 68.
На основание т.т. 1, 2, 4 и 8 од Решението на Антифашиското Собрание на Народното ослободуење на Македонија за конституисанието на АСНОМ како врховно законодавно и исполнително претставително тело и највисок орган на државната власт на Демократска Македонија, во врска со член 3 од Законот за изменение и дополнение на горното Решение, Президиумот на Народното Собрание на Македонија го донесува следниот
Член 1
[уреди]На основа член 2 од Уставот на Федеративна Народна Република Југославија досегашното име на нашата федерална единица „Демократска Федерална Македонија“ се изменуе и гласи: „Народна Република Македонија“.
Член 2
[уреди]Сообразно со претходниот член имињата: Народно Собрание на Македонија, Президиум на Народното Собрание на Македонија и Народна влада на Македонија се изменуват и гласат: Народното собрание на Народната Република Македонија, Президиум на Народното собрание на Народната Република Македонија и Влада на Народната Република Македонија.
Член 3
[уреди]Со овој Закон да се сообразат наименовањата на сите органи на државната власт и државната управа на Народната Република Македонија.
Член 4
[уреди]Овој Закон влегуе во сила веднага со изгласуењето.
Скопје, 8 март 1946 година Број 195
Секретар, Претседател,
Д-р Борис Спиров, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.
ЗАКОН ЗА ГРБОТ НА НАРОДНАТА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
[уреди] 245.
Народното собрание на Народна Република Македонија, на своето второ вонредно заседание одржано на 27 јули 1946 година го донесе следниот
Член 1
[уреди]Грбот на Народна Република Македонија представуе поле опкружено со житно класје, испреплетени со плодови од афион и со тутуново лисје, кои се на дното поврзани со лента прошарена со народни мотиви. На лентата е испишано: „Народна Република Македонија“. Помегју врвоите на класјето има петокрака ѕвезда. Среде во полето се оцртуе планина, чието подножје тече река. Зад планинота изгрева сонце.
Член 2
[уреди]
Овој Закон влегуе во сила со денот на неговото објавуење на „Службен весник на Народна Република Македонија“.
Број 559 - Скопје, 27 јули 1946 година.
Секретар, Претседател,
Наум Наумовски, с.р. Богоја Фотев, с.р.
ЗАКОН ЗА УСТАВОТВОРНОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
[уреди] 246.
Народното собрание на Народна Република Македонија, на своето второ вонредно заседание одржано на 27 јули 1946 година го донесе следниот
Член 1
[уреди] Уставот на Народна Република Македонија ке го донесе Уставотворното собрание на Народна Република Македонија избрано на слободни избори, со непосредно и тајно гласање.
Уставотворното собрание ке донесе Устав на Народна Република Македонија и одлука по сите акти кои ги донело Антифашиското собрание на Народното ослободуење на Македонија и неговиот Президиум односно Народното собрание на Народна Република Македонија и неговиот Президиум до состанокот на Уставотворното собрание.
Уставотворното собрание поблиску ке одреди кои работи ке ги врши покрај својот главен задаток.
Член 2
[уреди]Уставотворното собрание на Народна Република Македонија го избираат сите грагјани на Федеративна Народна Република Југославија кои стално живејат на подрачијето на Народна Република Македонија, а по прописите на законот за избор на пратеници за Уставотворното собрание на Народна Република Македонија.
Член 3
[уреди]Указ за свикуење на Уставотворното собрание на Народна Република Македонија донесуе, на предлог на Владата на Народна Република Македонија, Президиумот на Народното собрание на Народна Република Македонија.
Член 4
[уреди] Првото заседание на Уставотворното собрание го отворуе Претседателот на Народното собрание на Народна Република Македонија кој ке го повика по години најстариот член на Уставотворното собрание да го превземе привременото раководство на заседанијата.
Секретарската должност ке ја вршат три пратеници кои ке ги избере Уставотворното собрание на предлог на привремениот претседател.
Член 5
[уреди] На првиот состанок на Уставотворното собрание присатните пратеници ке ги предадат уверењата издадени од изборните комисии и по тоа ке изберат верификационен одбор од 15 члена.
После овој избор првиот состанок на Уставотворното собрание се заклучуе.
Член 6
[уреди] Верификациониот одбор ги испитуе уверењата на пратениците, сите изборни актои и сите жалби против изборите.
Верификациониот одбор најдоцна во срок од 7 дена ке изработи свој извештај, одреди известители и печатниот извештај ке го достави на пратениците.
Член 7
[уреди] На идниот ден, од кога е извештајот доставен, претседателот на верификациониот одбор свикуе заседание на Уставотворното собрание на кое одма се пристапуе кон претресуење на извештајот на верификациониот одбор.
До изборот на Президиум на Уставотворното собрание со заседанијата раководи претседателот на верификациониот одбор.
Член 8
[уреди] Претресот по извештајот на верификациониот одбор може да трае најмногу пет дена. Уставотворното собрание може да го оснажи или поништи изборот или да ја одложи одлуката и нареди формирање на иследни и ревизиони одбори кои ке имаат на задаток да ги испитуваат сите спорни прашања.
Секое спорно прашање има да се реши во срок од 10 дена.
Член 9
[уреди] Ако се поништи мандатот на еден пратеник поради немање услови за избирачко право, ке се повика за пратеник неговиот заменик. Исто така ке се постапи и ако избраниот пратеник умре или на друг начин му престане мандатот.
Ако е мандатот поништен заради неправилности во изборни акт, поради кое се смета да кандидатот не е избран за пратеник, ке се извршат дополнителни за оваа изборна единица.
Член 10
[уреди]По завршниот претрес на извештајот на верификациониот одбор, пратениците чии избори се потврдени, полагаат пред Уставотворното собрание пратеничка клетва. Текстот на клетвата гласи: „Јас, (име и презиме), се колнам во својата чест и честа на својот народ дека како народен пратеник во работата на Уставотворното собрание верно ке го застапуам својот народ и дека неуморно ке ги чувам и бранам тековините на народната борба, демократските права и слободата на народот“.
Член 11
[уреди]После положената клетва пратениците избираат за раководење со заседнијата на Собранието претседател, потпретседател и секретар. Најпрвен се избира претседател и тоа со просто мнозинство на гласови. После изборот на претседателот ке се изврши избор на потпретседател, а после тоа избор на секретар. Гласањето е тајно. После тоа се пристапуе кон претресуење и примање на пословникот на Собранието.
Член 12
[уреди] Уставотворното собрание избира Президиум на Уставотворното собрание на Народна Република Македонија.
Прзиидиумот на Уставотворното собрание се состои од претседател, три потпретседатели, два секретари и најповеке триесет членови.
Президиумот на Уставотворното собрание се избира со тајно гласање на основа на кандидатските листи со просто мнозинство на гласови на присатните пратеници.
Член 13
[уреди] Президиумот на Уставотворното собрание ги врши сите права на врховен орган на државната власт на Народна Република Македонија во времето прекидот на заседанијата на Уставотворното собрание.
Президиумот на Уставотворното собрание за целокупната своја работа е одговорен на Уставотворното собрание.
Член 14
[уреди] Предлог на Устав може да поднесе Владата на Народна Република Македонија или група од најмалку 10 посланици.
Предлозите на Уставот мора да бидат поднесени до Уставотворниот одбор најдоцна во срок од 10 дена после неговиот избор.
Член 15
[уреди] Заседанијата на Уставотворното собрание се способни за работа ако се на заседанието присатни повеке од половина од избраните пратеници, а за конечно изгласуење на Уставот во целина потребно е присатството на најмалку две третини од пратениците.
За полноважен заклучок потребно е мнозинство на гласовите на присатните пратеници, а за изгласуење на Уставот во целина векјината на гласовите на сите избрани пратеници.
Гласањето за предлогот на Уставот во начело и во поединости се врши со кревање на рака.
Член 16
[уреди]Прогласуење и објавуење на Уставот се врши на македонски јазик со потпис на претседателот и секретарот на Уставотворното собрание.
Член 17
[уреди]Заседанието на Уставотворното собрание може да се прекине само со одлука на мнозинството од пратениците.
Член 18
[уреди]Пратениците на Уставотворното собрание од моментот кога им се издадени од страна на изборната комисија уверења да се избрани, не можат да бидат затворани, ниту против нив може да се покренуе судска постапка без одобруење на Уставотворното собрание освен ако се на дело затечени на местото на злосторството за кое веднага мора да се извести Уставотворното собрание.
Член 19
[уреди]Кога ке биде Уставот изгласен и прогласен, Уставотворното собрание се претворуе во редовно народно собрание и работи на основа на Уставот се до кога не биде распуштено и распишани избори за ново Народно собрание.
Член 20
[уреди]
Овој Закон стапуе на снага со објавуењето во „Службен весник на Народна Република Македонија“.
Број 557. 27 јули 1946 година.
Секретар, Претседател,
Наум Наумовски, с.р. Богоја Фотев, с.р.
Извори
[уреди] ₍₀₎„Службен весник на Федералната Единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија“ број 1/1945;
₍₁₎„Службен весник на Федералната Единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија“ број 6/1945;
₍₂₎„Службен весник на Федералната Единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија“ број 12/1945;
₍₃₎„Службен весник на Народна Република Македонија“ број 7/1946;
₍₄₎„Службен весник на Народна Република Македонија“ број 23/1946;
₍₅₎„Службен весник на Народна Република Македонија“ број 24/1946;
НАПОМЕНА
[уреди] Викиизвор не презема одговорност за евентуалните грешки во текстовите.
Авторите не преземаат одговорност за евентуалните грешки во текстовите.