Page:RS-II-35-1944 Илинденски пат.pdf/9

Од Wikisource
Оваа страница треба да биде проверена.

ците од својата садбина во своите раце, немаше никому да му текни за да му носи слобода и да му створува држава. Па и ако некому му текнеше, али, поправо речено, да му беше некому во интерес да створи таква држава (да речеме на Хитлера, во случај на капитулација на Бугарија). Тогаш таја ќе беше само кукла од држава, предадена во рацете на некој македонски народен джелат от бичимот на В. Михајлов, ако не баш на самиот нему - подобна на онаја од Павелич, во која народот не само што нема да види слобода, ами ќе дочека уште по црно робство и уште поголема касапница за своите нарадни чеда. Но нашиот народ не чекаше на милост. Тој во својата историја веќе толко пати разбра, оти има да се ослободи само со својте снаги, со својата борба. Уште од првите денови на окупацијата, уште од првиот позив од најнародската и најдалековидната Комунистичка Партија во Југославија, нашиот народ заедно со сите народи на Југославија, стана во отворена неравна борба против окупаторите.