Page:Glasnik.pdf/3

Од Wikisource
Оваа страница треба да биде проверена.

свесни носители, дека се тие чеда на Македонија, со чијашто иднина ја врзувале, на живот или смрт, и својата лична судбина. Интимно чуствувајќи се дораснати да бидат слободни граѓани во сопствената татковина; престанувајќи да бидат „во своите души робови“, тие преку устата на Гоце ќе изјават: „Неопростиво е за нас, издигнати духовно повисоко, да трпиме и тегнеме и да чекаме други да не ослободуваат“. А срамот, општествениот и националниот срам, како што е познато, е почеток на револуцијата. Па затоа тие ќе се заложат со сите сили во борбата за ослободување.

    3. Но за да стане визијата реалност, да се подигне Македонија до степен на меѓународен државно-правен субјект, тие согледувале дека е неопходно во исто време и да се брани и да се одбрани нејзиниот интегритет. И врз тој план, паралелно со напорите да се одбие секое туѓо посегнување, мешање и влијание, ќе се гради и македонскиот патриотизам како историска неопходност. По таа линија конкретниот сооднос на политичките сили наложувал, македонското ослободително движење, да се движи кон крупни офанзивни потфати за извојување на македонската државна самостојност (Илинден), како најсигурна гаранција за зачувување на интегритетот на Македонија (Хамидовска Турција не можела да биде таква гаранција), до барање соработка со младотурците, а со цел заеднички да се опстане во границите на уставна Турција.

    4. Македонската револуционерна идеологија се формирала и низ сознанијата за постоењето во Македонија на различните народности, етнички и конфесионални средини, со нивните посебни култури, јазици, традиции итн. Со Ѓорче Петров, на пример, тешко може да се спореди кој и да е негов современик, кој така сестрано ја познавал Македоија со сета нејзина етничка и социјална шаренилост. Гоце Делчев, исто така, темелно ги познавал социјалните и народносните услови во Македонија, најголемиот дел од која тојм во својство на револуционерен организатор, ја имал пеш изодено.

    Личната судбина на Гоце не му беше наклонета: тој живееше одвај триесет и една година! На македонското ослободително дело тој можеше да му посвети само една неполна деценија. Но Гоце Делчев, идеологот и основоположникот на македонската револуција, нејзиниот неуморен агитатор и организатор,