Page:Списание „Вардар“.pdf/3

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.



— 3 —

теориіа. Наі после трето и наіглавно «Вардар» не само требит да сладит научна основа на маќедонцкиіот нациіонален сепаратизм, но тоі требит да покажит нагледно да іет и іазикот самобитен, да тоі не іет ни српцќи, ни бугарцќи и да іет способен за литературно развиваін’е. Редом со достигаін’ето на тоізадаток, «Вардар» ќе дадит на своіите читатели цел ред интересни за свекоі маќедонец научни и белетристични материіали и со тоа ќе кладит основа на маќедонцката самостоіна наука и литература. «Вардар» ќе се помąчит со нови научни материіали да представуват интерес не само на маќедонците или заинтересуваните от политично гледиште со маќедонцкото прашаін’е туѓинци, ами исто така и за тиіе от последните, за коіи нашата татковина представуват чисто научен интерес. Со статиіите на руски іазик «Вардар» ќе се помąчит да запознаіит по широките руски крąгови со Маќедониіа и маќедонцкото прашаін’е. Ево ѝ задатоците, шчо си ѝ имат кладено «Вардар»; тиіе сет од двоіен характер: политичен и научно-литературен. Задатоците на «Вардар» сет до толку големи, мąчнотиіите, со коіи имат тоі да се стретит , сет от толку сериіозен характер; приіателите , на коіи тоі имат да броіит, сет до толку малу, шчо ушче од заватово се чинит, оти гласо на «Вардар» ќе бидит глас на викач во пустиін’а. Постред таіа глąбока жалост, шчо задавуват грąдите, кога помисл’уваме за мąчнотиіите, со коіи имат да се стретит «Вардар», само іедно нас нѐ утешават, а то іет – Господ Бог и правината негова, шчо іет на наша страна: со неіа и Тоі іет кąі нас и со нас, а со Господ напред «Вардар» ќе излезит победител’ от свите мąчнотиіи, какви и да сет тиіе.