Page:Списание „Вардар“.pdf/1

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.


ВАРДАР.

наредник-издавач К. П. Мисирков.


Нашиіот месечник іет нешчо ново, шчо ќе привлечит внимаін’ето на свите, шчо се интересуваіет со маќедонцкото прашаін’е. Однапред можит да се речит, оти «Вардар» ќе бидит постретен от свите, шчо се интереуваіет со маќедонцкото прашаін’е, осем западно-іевропеіците, као нешчо шчо можит да принесит голема шчета на интересите на свите заинтересувани во маќедонцкото прашаін’е балкансќи народи. Од «Вардар» ќе бидат недовол’ни: турците, грците, бугарите, србите и самите маќедонци. Турчите ќе се боіат да не предзнаменуват тоі некакво ново течеін’е стред маќедонците, коіо би могло да предизвикат нови брканици во Маќедониіа. Грците іедваі ли ќе се порадуваіет на какво и да іет движеін’е стред маќедонците, коіо би могло да покажит способност на борба за самосочувуваін’е на словенцкиіот іелемент во некога сласичната Маќедониіа. Бугарите и србите не милуваіет поіавуваін’ето на «Вардар» со неговата нова нациіонална програма као нешчо, шчо можит да нанесит смртен удар на нивните нациіонални стремеін’а во Маќедониіа. Наіпосле по големиіот, ако не речиме на големиіот, дел на маќедонцката интелегенциіа ќе іет против «Вардар» со неговата програма, зашчо свите маќедонци, противници на маќедонцкиіот нациіонален сепаратизм, сет убедени, оти со пари во Маќедониіа човек можит да создадит од нашите маќедонци не само бугарцка, србцка, грцка или маќедонцка, ами и циганцка народност и циганцки интереси, а без пари не се павит нишчи: противниците на нациіоналниіот сепаратизм мисл’ат, оти