Тој што ни, Вело, однесе сичко —
тој ни остави от темно темен
веков за мака — но и за борба.
Има на вој свет како нас многу!
Има ги, има — мачат се, копат,
копачи копат по темнината,
копачи копат и тунел дупат.
И има, има — радост голема
радост длабока во темнината:
да светиш, Вело, жар да се стопиш —
во борба гроб ти душа не зема!