Моме оди на вода

Од Wikisource
Моме оди на вода [х3]
со две стомни шарени
Оф аман, аман.
И по неа беќарче [х3]
и на моме говори
оф аман, аман.
Постој моме почекај [х3]
да ти кажам два збора
оф аман, аман.
Да ти кажам два збора [х3]
два збора два изгора
оф аман, аман.
Не ѝ рече два збора [х3]
тук ја фати за рака
оф аман, аман.

Поврзано[уреди]