Прејди на содржината

„Пред четврта книжевност“, Андра Гавриловиќ

Од Wikisource
„Пред четврта книжевност“

од Андра Гавриловиќ
12 мај 1904


Зимоска гостуваше во Белград и уште во некои градови во Кралството Србија македонската театрална група под водство на Црнодримски. Таа прикажуваше на македонски јазик оригинални македонски драми. Со еден збор, имавме обиди на нова духовна култура - литература и уметност - македонска. Не треба да се лажеме. Тоа што го покажуваше Црнодримски не беше жаргон ами проба на туѓа култура во друг свет, онака како што чешките артисти му идат на гости на нашиот Народен театар, или уште подобро, како што на пр. Салвини пред неколку години со својата група гостуваше во Белград. Го оставаме настрана тоа што Црнодримски има од своите пиеси по две редакции - за Софија и за Белград - веќе самата појава на неговите македонски продукции говори дека стоиме пред зачетоците на нова, четврта, литература на Словенскиот југ. А ние на тоа му плескавме![1]


Наводи

  1. А. Гавриловиќ, Пред четврта книжевност, „Бранково коло“, 12 мај 1904, стр. 516