Што убаво носат партизаните

Од Wikisource
Што убаво носат партизаните
што убаво носат, мале, партизаните
На главата носат убај капчиња
на капчиња пише, мале, ај, да се борат
Да се борат, мале, со фашистите
со фашисти, мила мале, ај, со балисти
На рамо си носат шмајзерите
па си отидоа, мале, ај, по шумите
Водач им беше, мале, маршал Тито
водач им беше, мале, ај, маршал Тито
Он ги даваше, мале, наредбите
да соборат, мила мале, ај, возовите
да соборат, мила мале, ај, мостовите.

Извор[уреди]