Што си поминав и се прелагав

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Што си поминав и се прелагав [х2]
покрај трите најубавите
лични како црвен трендафил. [х2]
Трите на порти седеа
личните сестри убави
китки трендафил носеа
китки трендафил в' пазуви,
а најмалата носеше
китка трендафил, на гради.
А најмалата најубавата [х2]
со китка фрли по мене
со китка црвен трендафил. [х2]
Китка трендафил ѝ зедов
и знак за љубов ѝ дадов,
со нога што ѝ потропнав
со око што ѝ намигнав. [х2]

Поврзано[уреди]