Што се чуло нане
- Што се чуло нане,
- што се чуло и разбрало,
- аман и разбрало.
- Ќе ме грабит нане,
- ќе ме грабит тој Никола,
- тој Никола нане,
- тој Никола од Зарчета.
- Ај да ојме нане,
- ај да ојме кај вујка ми,
- аман кај вујка ми.
- Кај вујка ми нане,
- кај вујка ми Костакија.
- Белким таму нане,
- белким таму не ќе дојдат.
- Ушче зборот нане,
- уште зборот недоречен,
.аман недоречен,
- што ќе видиш нане,
- што ќе видиш во дворови.
- Во дворови нане,
- сè дебрани и мокрани.
- Подај ми го сестро,
- подај ми го шемшането,
- аман шемшането.
- Tи ќе полниш сестро,
- ти ќе полниш, јас ќе фрлам.
- Прва пушка нане,
- прва пушка што ми пукна,
- аман што ми пукна,
- ми го удри нане,
- ми го удри тој Никола,
.тој Никола нане,
- тој Никола од Зарчета.
- Чун го чекат нане,
- чун го чека Долни Сарај,
- аман Долни Сарај.
- Го однесоја нане
- г' однесоја во Поградец.