Што имала к'смет Стамена

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Што имала к'смет Стамена, Стамена
мајка ѝ болна легнала, легнала.
Мајка ѝ болна легнала, легнала
побарала вода студена, студена.
Побарала вода студена, студена
од таа чешма шарена, шарена.
Стамена ги зеде стомните, стомните
отиде на чешма шарена, шарена.
Отиде на чешма шарена, шарена
да наполни вода студена, студена.

Поврзано[уреди]