Шаблон:Избран текст/Архива

Од Wikisource
Прејди на: содржини, барај

Ова е архива на минати избрани текстови кои се појавиле на Главната страница.

29 април 2009 до 30 април 2010[уреди]

Текст: За македонцките работи

Секоi чоек како член на некоiа обшчина или некоiе другарство, имат извесен долг и извесни праа кон и од ниф. Народот не iет нишчо друго, осим едно големо другарство, основано на крвно сродство, на обшч произлез, на обчши интереси. Паметуан’то на тоа родство, тоiа произлез и тиiе интереси, заставуат секоi член од некоi народ, да се одречит од некоiи своiи праа и интереси, за да посветит част од своите сили на обшчата арнотиiа. Тоа iет долгот кон народните интереси, за што членот од народноста добиiат зашчита на своiте лични интереси тамо, каде не сет доста само негоiте сили. Долгот кон народот iет тесно врѕан со долгот кон таткоината, зашто пон’атiето народ iет тесно врѕано со пон’атiето таткоина. Долгот кон народот и таткоината зависит од приликите историiцки, коiи преживуат iеден народ и iедна страна. Тоi се применуат кон приликите. Долгот кон таткоината и народот, до негоото осашчествуаiн’е, се велит народен идеал и кон негоото осашчествуаiн’е требит да се стремит секоi свесен чоек. Народниiот идеал се применуат кон историiцките прилики и тоа, шчо денеска било народен идеал, утре по негоото осашчествуаiн’е ке отстапит место на друг, за коi по напред мало се мислило. Често пак од iеден народ историiцките прилики требаат или корени изменуаiн’е на народните идеали, коренен обрат на идеалите во друг праец, или угрожаваат нему со полно унишчожааiн’е. Народните идеали или долгот кон таткоината, се разбираат од разни членои на народот различно. Коi наi верно iет разбрал истинцкиiо и наi праиiот народен идеал, се видит со порамнуан’ето на разбираiн’ето на народниот идеал од разни лица. За да можит да бидит порамнуаiн’е и оценуаiн’е на различно разбраните народни идеали, требит, тиiе да бидат искажани устно или на книга. Искажуаiн’ето на своiето разбираiн’е на народните идеали и критиката на таквиiа не iет праздна работа, зашчо идеалите се душата на на обшчата народна работа и од здравоста на таiа душа зависит и здравоста и плодоитоста на самата обшенародна работа. Лошо разбраните народни идеали само уголемуат народните нестреки без да донесат полза на народот.

Така разбираiки долгот кон таткоината, iас се решиф, прво, да изложам моето разбираiн’е на народните идеали на македонците во iеден ред расудуаiн’а печатени во Петроградцкото Македонцко Словенцко Научно-литературно Другарство «Св. Климент», [1], а после да и напечатам во таiа книга, каде сет поместени и расудуаiн’а, не прочетени во упоменатото другарство. Со тоа мисл’ам да исполнуам спроти моiте сили, iеден дел од моiот долг кон народот моi и кон таткоината ми.

30 април 2010 до 18 октомври 2010[уреди]

Текст: Автор:Коста Солев Рацин/ Резултат

Сега пред вас, преку движења на раката и траги од мастило ќе ставам и трага на мислата, како резултат од процесите во мојот живот. И сега ќе се обидам кон него да ја дограбам последната патека што ми преостанува во мојот живот, на патот за Иднината.

Зашто мојата Сегашност е разрешена од спознанието: дека сум јас работник, роб на господарот којшто за готови пари ја купува мојата сила и дека тие пари ги добива пак од мене, продавајќи го мојот евтин труд за скапа цена. Така барем изгледа кога тој не работи како мене, па сепак подобро живее и им ја купува на другите силата и трудот. Уште и ова: дека мене ми е невозможно да се ослободам од ова ропство, зашто здружението на господарите, наречено држава, бдее над мене и моќно е како гладот наспроти лебот, иако нивната волја ја извршуваат луѓе како што сум и јас - купени за готови пари. И така, гледате, понекогаш ме фаќа ужас од тоа: зошто моето ропство - токму од тоа е неизбежно. Па сепак, ме утешува и друго спознание: дека робови, како што сум јас, има со милиони во светот, и ми влева храброст помислата: дека спознанието за нашето ропство ќе ни донесе нам свест, а таа, како непобедлива моќ, ќе ни донесе нам и ослободување. Зашто спознанието за начинот на ракување со робовите им донесува на господарите богатство, а нам, на робовите, спознанието дека сме робови ќе ни донесе слобода!

18 октокври 2010 - 3 јули 2011[уреди]

Текст: Списание „Вардар“/ Изникнуваін'ето и разбор на бугарцката и српцка теориіи за народноста на маќедонците

Тиіе, шчо сет по глąбоко запознати со маќедонцкото прашаін’е, іедваі ли се сомневаіет, оти наі важна негова страна іет – та за народноста на маќедонците. Зато ниіе, без да укажуваме на важноста на последното, ќе поминеме право кон разгледуваін’ето на сąшчествуіушчите теориіи за народноста на маќедонците и нивното изникнуваін’е, а после ќе бидит направени некои и друзи забелешки за нивната научна безпочвеност. Наінапред ќе одбележиме, оти свеопшч интерес доби прашаін’ето за народноста на маќедонците, кога се запитаіе, чиіа твебит да бидит Маќедониіа, и се претполагаше одговоро: на тоі народ, шчо іе насел’ават; тогаі се постави прашаін’ето: каков народ главно насел’ват Маќедониіа, или от каква народност іет главното населеін’е на Маќедониіа – маќедонците? Однесуваін’ето на Маќедониіа по С.Стефанцќиіо договор кон Бугариіа покажуват, прашаін’ето за народноста на маќедонците да беше до тогаі решено во корист на бугарите: науката и пąтниците от свите іевропеіцќи страни, шчо пąтувале по Маќедониіа, ѝ изваѓаіе маќедонците – бугари. Зато и дипломатиіата во С.Стефано іе даде Маќедониіа на Бугариіа. Но во Берлин расипаіе то, шчо беше направено во С. Стефано: Маќедониіа беше одделена од Бугариіа и врната на Турцко. Исто така и Источна Румелиіа беше одделена од С.Стефанцка Бугариіа во оддел’на автономна провинциіа, а некоіи делови на прв на прзната беа дадени на Србиіа. Се разбират, оти за време от С.Стефанцќиіо договор до Берлинцќиіо конгрес никакви преврати во науката за іужните словени не бидоа; но зато и допломатиіата се рąководила со нешчо, кога іе раздробила С.Стефанцка Бугариіа на неколку делови и іе оставила Маќедониіа под Турцко.

3 јули 2011 - 3 март 2012[уреди]

Автор:Темко Попов/ Кој је крив

Појке од десет години има од како није Македонциве немаме духовно начелство по нашиве места, од које и најмногу страдаат нашиве црквени и училишни работи. Гледаш овде една општина растурена, парализирана без никаква морална и материјална сила, без никаква морална сила нити пред народот, со која би могла да го натера да послуша нејзините решенја, нити пред власта, која по никој начин не разбира, ако би потребало, да поткрепи тија нејзини решенја; без никаква материјална сила, т.е. без баранје тугја помокј да може таа сама да си уредује училиштата, да си плакја на учителите и др. И така онаа општина стоји и се вика општина само за лице, без да може да одгоори на својот задаток, заради кого је повикана. Гледаш пак онде во еден град или градец едно училиште, које не прилега на училиште, и је, - како внатрешно, така и надворешно, - сиромашко, осакатено и без никакво значенје, јавно да кажам, - за плаченје, од сем онија училишта, што се крепат од Екзархијата, но који пак си имаат своји лоши страни, и дури големи, за који ке се докаже во своје особито место и време. И се тоа излегује од тамо, што немаме во нашава таткојна, као што рековме погоре, духовно начелство.

3 март 2012 -[уреди]

Силјан Штркот

Во село Мало Коњари имаше еден човек многу чесен и кроток, на име Божин. Тој имаше само еден син на име Силјан; имаше Божин и една ќерка. Силјан беше многу гален и од татка и од мајка, чунки од многу синови Божинови само Силјан беше останал жив, та од тоа беше гален многу и беше го ожениле уште на шеснаесет години и на седумнаесетте години му се роди на Силјана едно дете машко, му го викаа Велко.

Бидејќи гален Силјан и аџамија, ич ќеф немаше да работи селска работа: орање нивјето, копањето лозјата, жниењето нивјето, вршењето и овците гледање оставени беа на Божина и на Божиница. Неда, невестата му, и сестраму, тие да ја работат куќната работа, а пак Силјан ќеф имаше пазарџибашија да биде; да беше кабил катаден да оди на Прилеп на пазар, да купува вино и ракија и друзи слатки работи.

Секое одење на пазар, Силjан, уште не слезен од коњ, право ќе појдеше кај лебарниците и ќе земеше еден топол сомун ас-екмек и ќе си купеше тан-алва, та ќе јадеше. – „ Е, кога ми е посладок сомунов со тан-алвава, бре браќа, им велел на другарите си, како да јадам од дома ’ржани леб?“ На тие зборови и друзи Силјанови што им ги велел на другарите, тие уште повеќе го насрчувале да јаде најслатки работи, чунки покрај него и тие јаделе и пиеле. Некој пат ќе одел на пазар, тики ако му се најдеа повечко пари, два-три дни не си идел ни во најсилната работа дома.

Многупати татко му го скаруваше за дека се забавал в град и не идел да му помага во работата; арно ама Силјан беше фатил еден лош пат, тики ич не го слушаше татка си и мајка си, што ти велат вај, бај да не се настрви пес на касапница, да после мачно е да се одучи. Многупати татко му го поучуваше со кротко, до колку знаеше сиромав Божин, и многу примери му носел ѓоа да се тргне Силјан од тој пусти ајљазлак. (Повеќе...)