Прејди на содржината

Чие е она девојче

Од Wikisource
Чие е она девојче

од македонските народни песни
македонска народна песна

Чие е она девојче
што рано рани на вода,
со две стомнички шарени?
Удрило февче над око,
сошило алтан на чело,
тргнало долу под село,
убава песна пеало.
Под село има ливаѓе,
в ливаѓе има бел шатор,
под шатор седат терзии.
Пред шатор дошла девојка
и на терзии зборува:
— Терзии, назли, назрлии,
колку пари ми сакате,
ф’стан да ми шијате,
без ножица да го кроите,
без игла да го шијате? —
— Ој ти, девојче калешо!
Ти да ми месиш погача,
без вода да ја измесиш,
на гради да ја испечиш,
за ручек да ја донесеш,
ф’стано ти да си земеш!


Поврзано

[уреди]
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.