Целувај ме мило либе

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кажи, кажи, мило либе
кога јас да дојдам,
дали вечер, мило либе,
или утре вечер?
Дали вечер, мило либе,
или утре вечер
да ти дадам златен прстен
и да те целувам?
Целувај ме мило либе,
немој да ме прашаш.
Само немој мило либе
нишан да оставаш.
Утре е недела,
мајка ми е дома
утре ти да дојдеш, либе
прстен да ми дадеш.
Прстен да ми дадеш, либе
и да ме посвршиш.
Ти да ме посвршиш, либе
и да ме целуваш.
Целувај ме мило либе,
немој да ме прашаш.
Само немој мило либе

.нишан да оставаш.

Штом ти така велиш, либе
така нека биде.
Утре јас ќе дојдам либе
со мојата мајка.
Утре јас ќе дојдам либе
со мојата мајка,
прстен ќе ти дадам, либе
и ќе те посвршам.
Целувај ме мило либе,
немој да ме прашаш.
Само немој мило либе
нишан да оставаш.

Поврзано[уреди]