Прејди на содржината

Христово воскресение

Од Wikisource
Христово воскресение

од македонските народни песни
македонска народна песна

Што ми е лепо убоо
на високана планина,
н' онаа рамна рудина!
Рајските софри ставени,
најгоре свети Никола,
до него свети Илија,
меѓу ним сестра Марија,
со Риста бога на р’це,
со злато капче на глаа.
Свиле се до два облака,
кренале ми го Ристоса.
Седна Марија да плачит,
свети Никола е тешит:
— М’лчи ми, сестро Маријо!
Мие ќе ти го зејме;
пак тебе не го дааме,
ќе го даиме на занат,
да праит страшни мостеи,
да врвет грешните души.
Првата душа што мина,
таја е грешна, прегрешна:
чужо ми дете дојала,
алал не му го даала!
Втората душа што мина,
таја е грешна, прегрешна:
на заем брашно земала,
кога го назод враштала,
со пепел ми го мешала.
Треќата душа што мина,
таја е грешна, прегрешна,
на заем солјца земала,
кога е назод враштала,
со песок ми ја мешала.


Поврзано

[уреди]
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.